15 Декември, 2025
0.0349

Кој ги поседува најголемите приватни резерви на злато во светот?

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2025 15:49

Добивај вести на Viber

Федералната влада на САД има најголеми официјални национални резерви на злато – повеќе од 8.133 тони, но некои семејства сè уште имаат поголеми количини од овој скапоцен метал.

Најголемите приватни резерви на злато во светот се проценуваат на 24.000 до 34.600 тони. 

Индиските домаќинства имаат најголеми приватни резерви, иако ниту едно семејство не е јавно потврдено дека поседува најголема количина злато, но колективно, индиските домаќинства поседуваат најголеми приватни резерви на злато во светот, проценети на 24.000 до 34.600 тони.

Оваа количина, првенствено во форма на накит за културни и традиционални настани како што се свадби и фестивалот Дивали, е поголема од официјалните резерви на злато на САД, Германија, Италија и ММФ заедно.

Семејството Ротшилд има поголеми резерви на злато. Оваа еврејска банкарска династија има долга поврзаност со трговијата со злато, која датира од Наполеоновите војни, и во еден момент држеше речиси глобален монопол врз рафинирањето на злато преку контролата врз рудниците за жива Алмаден. Нивното огромно богатство оттогаш е распределено меѓу многу потомци во различни деловни сектори.

Саудиското кралско семејство имало златни трезори – сега во стотици тони – долго пред да почнат да соработуваат со Западот.

Џон Полсон, познат американски инвеститор, заработил милијарди за себе и за своите клиенти во текот на годините од неговата кариера. Кога цената на златото нагло се зголеми од 2011 до 2013 година, Полсон заработил пет милијарди долари затоа што купил тони злато кога било евтино, пренесува Каматица. 

Покрај него, огромни суми богатство во злато има инвестирано и Ерик Спрот, канадски бизнисмен и милијардер.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден