Кој ги штити напаѓачите кои ги тепаа новинарите на протест?
Објавено во: Македонија 04 Март, 2017 18:16
Заменик командант во СВР Скопје спречил свој колега во обид да фати еден од насилниците кои ја нападнаа екипата на А1он минатиот петок на протестот на иницијатива „За заедничка Македонија“, објави телевизијата „Телма“.
Додека еден од полицајците се пуштил по насилниците, заменик командантот го застанал и му наредил да прекине потерата и да се врати кај повредените.
Настанот го потврдила и полицијата, а полицаецот изготвил и службена белешка. Од МВР кажале како оди со расветлувањето на случајот, а нема одговор и дали помеѓу 12-те повикани на разговор во полицијата во врска со нападот е и министерот Кирил Миновски.
Нападнатите новинар и снимател се здобија со повреди и потрес на мозокот.
По ова, дел од медиумите најавија и ги бојкотираа протестите на ова здружение затоа што не изразија жалење. Од А1он беше најавено дека ќе го тужат организаторот.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




