16 Декември, 2025
0.0688

Кој го превзема менаџирањето со „Тетекс“? Синот го наследи таткото!

Објавено во: Економија 05 Јули, 2022 08:40

Добивај вести на Viber

Бобан Гоговски за нов директор го предлагаат 13 акционери кои заедно поседуваат 24 отсто од сите акции на „Тетекс“. Гоговски јуниор е електроинженер кој својата 25 годишна работна кариера ја минал на различни позиции во ТТК Банка (и нејзината правна претходничка Тетекс банка)

Бобан Гоговски ќе биде нов член на Одборот на директори на „Тетекс“ и менаџер што ќе го преземе управувањето со најпознатата текстилна компанија во земјава. Ова е предлог одлука за претстојното акционерско собрание зад која застанаа 13 акционери кои поседуваат речиси 100.000 акции во „Тетекс“ односно 24 отсто од сите акции со право на глас.

Во предлог одлуката за која ќе се гласа на собранието на акционери освен Гоговски ќе членува и универзитетскиот професор Михаил Петковски во својство на неизвршен член.

Гоговски помладиот во својот 25 годишен работен стаж не работел во „Тетекс“ ниту еден ден, пишува во јавно достапните податоци достапни на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=60185

Бобан Гоговски по вокација е електроинженер исто како и неговиот татко Глигорие Гоговски. Бобан својата професионална кариера ја започнал во информатичкиот сектор на Тетекс Банка во 1996 година и таму работел на повеќе раководни позиции. Во својата досегашна кариера не ја напуштил банката, која сега се вика ТТК Банка, по спојувањето на двете деловни банки Тетекс Банка и Тетовска кредитна банка. Во последниве 11 години Бобан Гоговски е директор на секторот за комерцијално банкарство на ТТК Банка. Претходно ги поминал позициите на директор на секторот за управување со ризици и секторот за кредитирање.

Неговиот татко Глигорие својата кариера во „Тетекс“ ја започнал во далечната 1969 година на позицијата шеф на електроодржување во комбинатот и на тоа место поминал 10 години. А по тоа уште 10 години бил директор на електроодржување. Од 1981 година станал помошник генерален директор на „Тетекс“, а 1983 година и генерален директор на компанијата. Од 1986 година па до 1991 година Глигорие Гоговски бил претседател на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија што всушност е последниот премиер на СРМ. Од 1991 година па до мај годинава го управувал „Тетекс“, компанија во која поминал речиси 50 години. 

Бобан Гоговски во „Тетекс“ поседува 10.000 акции. Неговиот татко во „Тетекс“ поседуваше 12,8 отсто односно околу 53.000 акции кои наскоро ќе добијат нов сопственик. Глигорие Гоговски беше и најголем поединечен акционер во оваа компанија која има над 1.060 акционери домашни физички лица кои заедно поседуваат 93,6 отсто од акциите.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Неофицијално: Се предлага зголемување на цената на струјата за 6 отсто

Неофицијално: Се предлага зголемување на цената на струјата за 6 отсто

ТИТАН Усје: Во 2026 година продолжуваме со инвестиции во дигитализација и декарбонизација и очекуваме раст на продажбата

ТИТАН Усје: Во 2026 година продолжуваме со инвестиции во дигитализација и декарбонизација и очекуваме раст на продажбата

Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија

Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија

Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст

Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“

Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“

СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило

СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило