На Иницијатива на проф. д-р Никола Петров - преиспитување на одобрението за употреба за списанието за деца „Месечко“
Кој и зошто го загрозува правото на квалитет и избор во предучилишните установи - детските градинки?
ИЗБОР ПОД ПРИТИСОК ИЛИ ПО СЛОБОДНА ВОЛЈА?
Објавено во: Мои пари 05 Октомври, 2018
Предучилишното воспитание и
образование е од клучно значење за растот и развојот на секое дете. Токму затоа
е од примарно значење е каква литература ќе му се понуди на детето и кои
критериуми треба да бидат исполнети, согласно стандардите на програмата за ран
детски развој.
Во предучилишните установи – детските градинки, според Законот за детска заштита, секое списание за деца, како и прирачник наменет за предучилишна возраст, треба да биде одобрен за употреба од министерот за труд и социјална политика. Тоа Решение треба да гарантира квалитет на понудениот концепт од литературен, илустративен, педагошки, психолошки и социолошки аспект. Решението за одобрување и употреба на одделно списание или прирачник, министерот за труд и социјална политика го носи врз база на стручно мислење од Педагошката служба при Министерството за образование и наука. Од друга страна, воспитно-образовниот кадар и родителите прават избор кои изданија, од одобрените за користење и употреба, ќе ги користат во реализирањето на Програмата за рано учење и развој.
Но тоа што деновиве ја бранува предучилишната фела и родителите е понудата на ново списание за деца „Месечко“, кое според кажувањата на корисниците, писателите и илустраторите за деца, како и универзитетските професори кои се занимаваат со оваа проблематика е списание коешто отстапува од сите критериуми на списание за деца во предучилишниот период. Зошто?
– Затоа што во ова списание отсуствуваат основните елементи и критериуми по кои се создава и конципира списание за најчувствителната возраст – предучилишната – велат писателите за деца. – Зад ова списание не стои тим, во него не се застапени ниту писателите за деца, ниту се ангажирани илустратори за деца. Како тогаш може да зборуваме за списание? Илустрации се преземени од интернет, текстовите се бледи, сите се потпишани со презимето на одговорниот уредник, а згора има и прилог кој е целосно црно-бел, дали тоа е соодветно за дете во 21 век? А, одобрено и препорачано за употреба?
Создавањето печат за деца е сериозна и одговорна задача зад која стои сериозна издавачка редакција, стручен редакциски совет, цел тим професионалци од повеќе области и врвни писателски и илустраторски имиња – вели доајенот на педагогијата во нашата држава, проф. д-р Никола Петров. – Тоа бара целосна посветеност и почитување на високите светски, а особено европски стандарди. Кога станува збор за предучилишната возраст, тогаш одговорноста е уште поголема и за тие што создаваат и за тие што одобруваат, но и за тие што избираат што ќе му понудат на детето.
Токму затоа, сите ние кои се занимаваме со предучилишната проблематика, сакаме да обрнеме внимание како да се направи изборот и кои критериуми на квалитет треба да се знаат и почитуваат. Според нас, Одобрението за употреба на списанието „Месечко“ се става под знак прашалник затоа што не е задоволен ниту еден од горенаведените критериуми, ниту пак се испочитувани основните стандарди при конципирање списание за деца.
Ако некој врши притисок врз раководниот и воспитно-образовниот кадар, и ако тоа има друга заднина, без да се обрнува внимание на квалитетот и цената, тогаш што сме направиле?
Што е целта? Да се отвори пат на нелојална конкуренција? Да се згази под нозе професионализмот на стручните тимови и редакции? Да се дозволи издаваштвото за деца да биде на ниво на аматеризам? Или, уште полошо, некои други интереси и фактори, а не професионализмот, да го диктира изборот во предучилишните установи?
Ова е слободна земја и секој има право на слободен избор, особено кога станува збор за сопственото дете и за сопствените пари.
Кој родител би избрал поскапо ако за помалку може да добие повеќе?
Само едно е најалармантно – тоа што притисокот и интересите, во кои се препознава друга намера, се кршат врз воспитувањето и образованието на најмалите и најкревките во период кога возрасните треба да им го трасираат и покажат патот кон иднината.
Конкуренцијата на пазарот треба да внесе поголем квалитет, да отвора нови можности и предизвици. Нелојалната конкуренција прави поголема штета од што може да се замисли. Токму затоа и ја покренуваме оваа иницијатива да се преиспита Одобрувањето на списанието за деца „Месечко“ кое, патем речено, со истите содржини и истиот концепт е одобрено за употреба и во прво одделение од деветгодишното основно образование. Сакаме да потенцираме дека тоа е едноставно недопустливо затоа што станува збор за различна возраст, за која има сосем различна наставна програма и програмски цели кои треба да бидат исполнети и реализирани.
Со почит,
проф. д-р Никола Петров – иницијатор на иницијативата, основноположник на предучилишното воспитание и образование во Република Македонија
Отворена подршка на иницијативата дадоа:
проф. д-р Мито Спасевски
проф. д-р Весна Макашевска
проф. д-р Билјана Камчевска
проф.д-р Мариета Петрова
проф. д-р Томислав Таневски
проф. д-р Ваљбона Тоска
д-р Ана Витанова Рингачева
Стојан Тарапуза
Киро Донев
Ванчо Полазаревски
Горјан Петревски
Васил Мукаетов
Наум Попески
Сузана Мицева
Никола Маџиров
Филип Димкоски
Тања Бајректарова Веда
Виолета Ѓуровска
Димитар Алачки
Вера Андон
Маја Богоевска
Иван Котев и други.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.