19 Декември, 2025
0.0416

КОЈ ИМА НАЈДОБРА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО ЕВРОПА? Еве каде се најдобри условите за живот споредено со трошоците

Објавено во: Финансии 05 Јуни, 2025 09:27

Добивај вести на Viber

Речиси половина од земјите во светот имаат пропишана минимална плата, која варира во зависност од локалните услови. Некои европски земји, како што се Данска, Италија и Шведска, немаат национална минимална плата.

Сепак иако поголем дел од државите имаат одредби за минимална плата, сепак, различните власти може да поставуваат различни стандарди. Ова е затоа што стапката што функционира во една област може да биде превисока или прениска во друга - што може да предизвика нарушувања на пазарот на трудот.

Националната месечна минимална плата (од јануари 2025 година) е прикажана за неколку европски земји, вклучувајќи ги и 22-те земји-членки на ЕУ.

Податоците се земени од Евростат, и во евра и во PPS единици за полесна споредба.

Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска немаат национална минимална плата и затоа не се вклучени на оваа мапа.

Единицата PPS е вештачка валута создадена од ЕУ, така што платите можат да се споредуваат земајќи ги предвид трошоците за живот. Теоретски, 1 PPS може да ги купи истите стоки и услуги низ целиот континент.

Европски земји со највисока и најниска национална минимална плата - ТОП 10

Луксембург има највисока национална месечна минимална плата во евра (2.638 евра), додека Украина има најниска (182 евра).

Бидејќи Евростат повеќе не објавува споредбени податоци за Обединетото Кралство, тие се изоставени од овие листи, а дополнително податоците за PPS не се достапни за Молдавија, Украина и Турција. Доколку некоја европска земја не е наведена, причината е недостапноста на податоци од изворот.

Најдобри услови споредено со трошоците

Сепак, кога се земаат предвид трошоците за живот, Германија има највисока минимална плата (1.992 PPS), додека Албанија има најниска (564 PPS).

Интересно е што минималната плата во Ирска прилагодена според трошоците за живот (1.664 PPS) е поблиску до Франција (1.606 PPS), иако во евра е повисока за дури 480 евра.

Што значи тоа? Земјите каде што платата е пониска во PPS отколку во евра имаат повисоки трошоци за живот - и обратно.

Значи, иако минималната плата во Ирска е значително повисока од онаа во Франција изразена во евра, всушност таа ви овозможува да купите приближно исти работи како платата во Франција.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми