04 Октомври, 2024
0.0256

КОЈ ИСКЕШИРА 1,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА БЛИЗУ ЕДНА ЧЕТВРТИНА ОД БИТОЛСКИ КОМБИНАТ - се случи голема зделка, се наѕираат ли актерите

Објавено во: Економија 17 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Голема трансакција од близу два милиони евра помина во петокот преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

 Поточно, се продаде значајна количина на акции на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, и тоа 46.046 акции, по цена од 2.309 денари за акција.

Вкупната сума на оваа зделка е 1,74 милиони евра, што значи дека некој платил сериозна сума пари за да се стекне со прилично голем акционерски пакет акции на ЗК „Пелагонија“ од Битола, кој се доближува дури до една четвртина од капиталот на оваа битолска компанија.

Ако се погледне вкупниот број акции издадени од ЗК Пелагонија Битола, излегува дека во петокот поминал пакет кој опфаќа 22,69 проценти од капиталот на овој земјоделски комбинат.

Засега се уште не се знае официјално кој ги продал а кој ги купил овие акции вредни повеќе од 1,7 милиони евра.

Иако вчера беше понеделник, ден кога Централниот депозитар за хартии од вредност ги ревидира сопственичките структури на компаниите, состојбата на акционерите на ЗК Пелагонија остана иста како и во петокот, бидејќи моделот на порамнување на трансакцијата е Т плус два, односно денот кога поминал блокот, или петокот, плус два работни дена, освен доколку не е побаран специфичен ден на порамнување, што во оваа зделка не е случај. Тоа значи дека порамнувањето ќе биде утре, а со оглед што ЗК Пелагонија Битола е котирана компанија на Берзата, значи дека таа или утре или најдоцна четврток, ќе објави какква сопственичка структура настанала во нејзиниот капитал, односно кој е купувачот, а кој е продавачот на акциите.

Ова значи, пак, дека и Централниот депозитар за хартии од вредност, дури во понеделник наредната недела ќе ја објави промената на акционерите кои имаат над пет отсто, со оглед што оваа зделка со поминат значаен акционерски пропцент, сигурно дека ќе се рефлектира и на сопственичката структура на ова акционерско друштво.

А, да видиме кои биле акционерите на ЗК Пелагонија Битола пред да се случи блок трансакцијата.

Најголем акционер во компанијата, според засега се уште неревидираната состојба на ЦДХВ, е друштвото за градежништво, трговија и услуги, Софија градба ДООЕЛ од Скопје, која случајно или не, го поседува истиот процент акции кој се продаде во петокот, а тоа се 22,69 проценти од капиталот. Дали овој акционер го продал својот пакет, како и кој го купил, останува да видиме набргу, кога или ќе објави самата компанија, или, пак, промената ќе се прикаже на Централниот депозитар за хартии од вредност.

Втор по големина акционерво ЗК Пелагонија Битола е Златко Пирузе, кој има во своја сопственост 17,55 проценти, а по него следува Цветан Панделевски, кој располага со 14,59 отсто од акциите.

Друштвото Нова Агро инвест ДООЕЛ поседува 9,86 отсто од капиталот, а Дејан Панделески има 5,2 отсто од капиталот на оваа компанија.

Акции во ЗК Пелагонија Битола има и Снежана Георгиева, и тоа 5,19 проценти.

Интересно ќе биде да се види каква ќе биде акционерската слика во ппонеделник наредната недела, кога ќе се прокнижат промените.

Инаку, цената по која биле продадени акциите во петокот е 2.319 денари, што е многу пониска цена од онаа по која со акциите на оваа компанија се тргува на редовниот пазар, а таа токму во петокот изнесувала 3.600 денари по акција.

А, може треба да се спомене и дека вчера помина блок трансакција со акциите на Стопанска банка Битола, и тоа се продадоа 1.687 акции, по цена од 3.296 денари за акција. Или, вкупната сума е нешто повеќе од 90 илјади евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Божиновска: Лидерството не е за позиција, туку за одговорност и резултати

Божиновска: Лидерството не е за позиција, туку за одговорност и резултати

Зоран Коњановски: Купуваме струја и на берзата, репреговарани договорите за увоз на јаглен

Зоран Коњановски: Купуваме струја и на берзата, репреговарани договорите за увоз на јаглен

НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈАТА РЕАГИРА: Не добиле плата на први, бараат тоа да се исправи и да стане непишано правило земањето плата на почеток на месецот

НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈАТА РЕАГИРА: Не добиле плата на први, бараат тоа да се исправи и да стане непишано правило земањето плата на почеток на месецот

Позитивни трендови кај финансиските друштва по воведување на засилената законска регулатива

Позитивни трендови кај финансиските друштва по воведување на засилената законска регулатива

ЌЕ СЕ ПРОДАДЕ ЛИ ВРЕДЕН ИМОТ И РУДА НА ФЕНИ ЗА ЕВТИНИ ПАРИ - стечајот тече, понудите се ниски, како ќе „пресечат“ доверителите

ЌЕ СЕ ПРОДАДЕ ЛИ ВРЕДЕН ИМОТ И РУДА НА ФЕНИ ЗА ЕВТИНИ ПАРИ - стечајот тече, понудите се ниски, како ќе „пресечат“ доверителите

Бугарска компанија ќе го загрева Скопје со гас до крајот на годината

Бугарска компанија ќе го загрева Скопје со гас до крајот на годината

СОСЕДИТЕ МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈГОЛЕМА НЕВРАБОТЕНОСТ: сѐ повеќе работници остануваат без работа и во Германија

СОСЕДИТЕ МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈГОЛЕМА НЕВРАБОТЕНОСТ: сѐ повеќе работници остануваат без работа и во Германија

НИКОЛОСКИ СЕ ПОФАЛИ, ПА КАЖА КАКОВ ПЛАН ИМА: Ќе го развие воздушниот сообраќај и ќе воведе нови авио линии, еве ги деталите

НИКОЛОСКИ СЕ ПОФАЛИ, ПА КАЖА КАКОВ ПЛАН ИМА: Ќе го развие воздушниот сообраќај и ќе воведе нови авио линии, еве ги деталите

ОВАА РУТА ЌЕ ЈА ПРОМЕНИ ИДНИНАТА НА ТРИ ЗЕМЈИ: По 20 години започна работата на „Европскиот Суецки Канал“

ОВАА РУТА ЌЕ ЈА ПРОМЕНИ ИДНИНАТА НА ТРИ ЗЕМЈИ: По 20 години започна работата на „Европскиот Суецки Канал“