Кој јунак ќе собере 373 милиони евра во буџетот во декември?
Објавено во: Финансии 26 Декември, 2013 08:58
Финансии ги објави податоците за приходите и расходите во националната каса заклучно со ноември. Големи отстапувања во однос на буџетските проекции
Станува се поизвесно дека Владата годинава нема да ја собере планираната сума приходи во буџетската каса. Ова може да се заклучи од последните податоци што вчера ги објави Министерството за финансии заклучно со ноември, 2013 година. Тие говорат дека за да се исполни буџетскиот план, само во последниот месец од годинава државата би морала да инкасира дури 373 милиони евра од даноци и од други давачки, што е практично неизводливо, бидејќи месечниот просек на приходи е 187 милиони евра.
Инаку, за цела 2013 државата проектирала приливи од 2,43 милијарди евра, а за единаесет месеци се прибрани 2,05 милијарди евра во националната каса.
За најдобар месец според полнењето на буџетот за оваа година може да се прогласи април, кога државата собрала 238 милиони евра. Но, и тој износ средства е многу помал од 373 милиони, колку што преостануваат да се надополнат за само еден месец, за целосно да биде реализирана буџетската приходна страна.
Само во ноември приливот во буџетот е 186,3 милиони евра.
Многу е веројатно дека ниту расходната страна нема да се оствари онака како што се планираше. Односно, државата оваа година имаше намера вкупно да потроши 2,74 милијарди евра, но во периодот од јануари до крајот на ноември таа успеала да реализира 2,35 милијарди евра. Така што, во декември би требале да се „поарчат“ 395 милиони евра за да се оствари целосно буџетскиот план.
Ова покажува дека и годинава стартувала со преоптимистички буџетски проекции, кои реалноста потоа ги дематира. Експертите и опозицијата ја критикуваат Владата за ваквите, како што ги нарекуваат, промашувања во планирањето на државната каса.
Инаку, данокот што важи за најголем полнач на буџетот, ДДВ, во ноември на државата и донел близу 56 милиони евра.
Вкупно за 11 месеци, пак, по основ на данокот на додадена вредност, државата успеала да собере 577,8 милиони евра, што е 78,65 отсто од целата сума што што е планирана од овој данок. Или, во декември ДДВ треба да „испорача“ приход од околу 157 милиони евра, што е исто така, крајно тешко остварливо, бидејќи месечниот просек за ДДВ за оваа година е нешто над 52 милиони евра.
Дали за подобра наплата во декември ќе помогне наградната игра што Владата ја стартуваше на почетокот на месецов, „Фискална во рака – наградна без мака“, ќе се види после еден месец, кога финансии ќе ги имаат конечните пресметки. Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, кај граѓаните има огромен интерес за оваа игра, па досега веќе биле испратени над 200.000 пликоа. Според министерот, во продажната мрежа речиси и да немало бели пликоа во кои се испраќаат фискалните сметки. Главната цел на оваа игра, како што објаснија од Владата, е зајакнување на фискалната дисциплина кај граѓаните. Извлекувањето е на 30 декември, а ќе се доделуваат стан, автомобили и други награди.
На неодамнешната прес-конференција на која Управата за јавни приходи ги презентираше податоците од годишните даночни пријави, која се одржа кон средината на овој месец, првиот даночник Горан Трајковски рече дека данокот на додадена вредност е реализиран со 94 отсто, но не можеше да потврди дали тој целосно ќе ги исполни проекциите.
„Веќе сме во финишот на годината. Имаме некаде околу 94 проценти реализација на предвидената наплата на ДДВ и не можам со гаранција да кажам дека во целост ќе ја реализираме буџетската проекција. Кај останатите даноци, кај данокот на добивка е реализирана буџетската проекција, а персоналецот со оваа динамика ќе биде реализиран“, рече Трајковски.
Притоа, минусот во државната каса во единаесетиот месец од годината е 12,8 милиони евра, што покажува дека има мало подзакочување во однос на претходните месеци. Вкупно во 11 месеци направен е буџетски дефицит од нешто над 291 милиони евра или 93 отсто од вкупниот. Со ребалансот на буџетот Владата го зголеми дозволениот минус во националната каса на 313 милиони евра.
Капиталните инвестиции, односно вложувањата на буџетските пари во патишта, енергетика и во други инфраструктурни објекти, во ноември изнесувале само 16,3 милиони евра. За сите 11 месеци, пак, биле реализирани вкупно капитални инвестиции од 231 милиони евра, што е 70,42 отсто од предвидената сума со буџетскиот план, според кој тие вкупно во текот на годинава треба да бидат на ниво од 328 милиони евра.
Владата постојано ги истакнува капиталните инвестиции како еден од нејзините позначајни успеси и клучен придонес за економскиот раст на земјата. Но, опозицијата критикува дека власта секогаш на стартот на годината настапува со многу оптимистички планови во делот на капиталните расходи, кои на крајот на годината никогаш не се целосно реализирани.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





