КОЈ ЌЕ СЕ БОРИ СО ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ? – Се бара замена на Муареми, дали идниот директор на финансиска полиција е спремен на „претреси“

Објавено во: Финансии 03 Октомври, 2023
Кој ќе седне во жешкото столче на Управата за финансиска полиција? По големиот скандал кој изби меѓу, сега веќе поранешната обвинителка Вилма Рускоска и тогашниот директор на финансиска полиција, Арафат Муареми, кој од средината на август веќе не ја раководи инситуцијата, Владата деновиве објави оглас во кој посочи дека ќе именува директор на Управата.
Согласно она што е објавено на нивната веб страна, се бара идниот директор да е државјанин на Македонија, да нема забрана за вршење дејност, да има високо образовение, како и официјални сертификати за познавање на англискиот јазик.
Идниот шеф на финансиската полиција ќе одговара пред Владата и министерот за финансии, а Владата во огласот предвидела дека кандидатите имаат рок од само пет дена да ги поднесат документите до нивната архива. Повеќе детали за оние кои се спремни до шести октомври да се пријават на огласот, може да најдете на владината веб страна.
На јавноста финансиската полиција и стана особено препознатлива по скандалот кој настана со поранешната обвинителка Вилма Рускоска и директорот Арафат Муареми. Муареми кој на оваа позиција дојде пред четири години, најавувше силна борба против корупцијата, а спротивно на најавите, Русковска посочуваше дека од таа институција нема никакви активности.
По неколкуте најави на Русковска, како обвинителка во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дека е незадоволна од работата на Управата за финансика полиција, таа испрати екипа која правеше претрес во канцелариите на УФП, посочујаќи дека наредбата е дадена по пријавана од група граѓани против директорот Муареми.
Но, по големата фама во јавноста, настана нов пресврт, кој заврши со разрешување на Рускоска, како и казни и за обвинителките кои беа вклучени во постапката. Кратко откако Основното обвинителство го ослободи Муареми од истрага и понатамошна постапка, во средината на месец август тој си поднесе оставка, наводно поради лични причини, а медиумите пренесуваа дека оставката е неизбежна поради фактот што мандатот секако му истекува.
По заминувањето на Муареми, во директорското столче седна Горан Иванов, кој пак изминатиов период имаше чести средби со претставници од обвинителство. Најпрво, тој се сретна со Исмаил Абази, кој дојде на местото на Русковска во Основното јавно обвинителство за гонење на органииран криминал, а неодамна имаше средба и со Љубомир Јовески, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, заменикот на основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Трајче Пеливанов, како и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски.
Целите на овие средби е секако зголемување на соработката меѓу институциите, и „пеглање“ на комуникацијата по упадот во финансовата полиција кој го направи Рускоска.
Дали сегашниот оглас со кој се бара директор на УФП е со цел Иванов да го добие четиригодишниот мандат, или сепак, ќе се разгледуваат и другите пристигнати пријави ќе видиме наскоро.
П.О.
Фото: Принтскрин/Управа за финансиска полиција
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
„ДА СУМ ЈАС ВЛАСТ, БИ ГИ ЗАБРАНИЛ КРИПТОВАЛУТИТЕ“ - Џејми Дајмон му се „нафрли“ на биткоинот

НАШИТЕ БАНКИ СЕ СООЧИЈА СО МНОГУ КРИЗИ, НО ТИЕ СЕ СТАБИЛНИ И ОТПОРНИ - еве што порача гувернерката Ангеловска-Бежоска

ДУРИ 70 ПРОДАВНИЦИ И НАД ТРИ ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ ВО ЛИДЛ-СРБИЈА: Во Краљево и Златибор се отворија продавници

РУСИЈА ЗАРАБОТУВА ПОВЕЌЕ ОД НАФТА ОТКОЛКУ ПРЕД САНКЦИИТЕ: Пораснале приходите од продажбата

РАСТЕ ЦЕНАТА НА АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - очекуваат ли акционерите „мрсна“ дивиденда од моментално најпрофитабилната банка

ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДОГОДИНА 100 МИЛИОНИ ЕВРА, А ЌЕ СЕ СУБВЕНЦИОНИРААТ И ПРИДОНЕСИ ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ: Лукаревска со детали за антикризните мерки

Маринис Стратопулос уште четири години ќе биде член на НО на Стопанска банка Скопје - ГУВЕРНЕРКАТА ЈА ИЗДАДЕ ПОТРЕБНАТА СОГЛАСНОСТ

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

ВРЕМЕНА МЕРКА ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФИНАНСИИ И ОРГАНИТЕ ШТО РАБОТАТ ПОВРЗАНО СО БУЏЕТОТ: До одлуката, нема да земаат покачена плата од 30 отсто
