КОЈ ЌЕ СЕ ОФАЈДИ ОД ПОНУДАТА НА АЛТА БАНКА?! Еве ги сопствениците на акции во Стопанска банка Битола
Објавено во: Финансии 12 Септември, 2025 07:37
По изнесените намери на „АЛТА БАНКА“ АД Белград за преземање на македонската банка „Стопанска банка“ АД Битола, пристигна и конкретната понуда до малите акционери.
Откако Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое на “АЛТА БАНКА" од Србија и се издава дозвола за давање понуда за преземање на "Стопанска банка”, објавена и нивната конкретна понуда за акционерите.
Како што беше посочено „понудата за преземање се однесува на 371.538 обични акции со право на глас издадени од "Стопанска банка” АД Битола, кои заедно со 19.439 обични акции со право на глас кои ги поседуваат преземачот и лицата со кој тој дејствува заеднички претставуваат 100 отсто од нејзината основна главнина“.
Во понудата доставена до Комисијата за хартии од вредност се откриваат и имињата на помалите акционери, кои поседуваат под 5 отсто од акциите на Стопанска Банка Битола.
Меѓу нив, првото име е веќе добро познато на јавноста, а тоа е Друштво за производство и трговија ПЕЛИСТЕРКА АД Скопје. Тие поседуваат 66.437 обични акции, или 16,99 проценти. Потоа следува Никола Јанковиќ (Nikola Jankovic) кој пак поседува 19.501 обични акции или 4,99 отсто.
Трет на листата е Јовица Чурчиќ со (Jovica Curcic) исто така со 19.500 обични акции или 4,99 проценти.
Толку акции има и Тони Јосифовски - 19.500 обични акции или 4,99 отсто.
АЛТА ГРУП ДОО БЕЛГРАД ИМА 19.439 обични акции или 4.97 проценти.
По нив следува Ненад Јосифовиќ со 19.280 обични акции или 4,93 проценти. Компанијата ДПТУУ ТИМОХ ДОО Скопје има 19.000 обични акции или 4,86 отсто.
Уште едно име познато во јавноста е Друштво за производство, трговија и услуги ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје кое поседува 18.294 обични акции или 4,68 проценит.
Друштво за производство и услуги НЕТЕЛЕКТРОНИКС Владимир ДООЕЛ Скопје има 16.232 обични акции или 4,15 проценти.
Последни на листата се СКОПСКИ ПАЗАР АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА УСЛУГИ ВО ПРОМЕТОТ со 16.019 обични акции или 4,10 отсто.

Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.777 денари по акција, а преземачот се обврзува да ги откуп сите 371.538 обични акции со право на глас.
- Преземачот ја утврди цената врз основа на највисоката цена по која, преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички со него ја платиле за купување на акции издадени од Стопанска банка АД Битола во последните 12 месеци пред известувањето за намерата за преземање. Понудената цена од 3.777денари по акција е повисока од просечната цена на обичните акции издадени од Стопанска банка АД Битола, постигната на Македонската Берза за хартии од вредност во последните 12 месеци пред известувањето за намерата за преземање – се наведува во документот за преземање.
Рокот на прифаќање на понудата за преземање започнува од денот на првото објавување на понудата за преземање, и ќе заврши 30 календарски дена по започнувањето на рокот за прифаќање на понудата за преземање. Рокот за прифаќање на понудата за преземање започнува на 11.09.2025 година и завршува на 10.10.2025 година.
Според преземачот, понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 273.795 обични акции кои претставуваат 70,03 проценти од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од ”Стопанска банка“ АД Битола.
- При тоа, преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички со него би поседувале 75 отсто плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од “Стопанска банка" АД Битола – стои во документот.
Доколку Преземачот во постапката за преземање се стекне со најмалку 95 отсто од хартиите од вредност на целното друштво, тој планира да го користи правото на принудна продажба од член 63 од Законот за преземање на акционерските друштва.
П.О.Можеби ќе ве интересира
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра




