19 Декември, 2025
0.0557

КОЈ МОЖЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ СТАНБЕН КРЕДИТ, А КОЈ МОРА ДА ЗЕМЕ ПОТРОШУВАЧКИ - на најбогатите многу не им ни треба заем за стан, најсиромашните го сонуваат

Објавено во: Финансии 07 Јули, 2023 07:26

Добивај вести на Viber

Побогатите полесно можат да си дозволат станбен кредит. Тоа им е многу потешко на посиромашните, односно на лицата со пониски месечни приходи. Додека, пак, на оние најбогатите, со највисоки приливи на нивните сметки, по се изгледа дека не им требаат многу станбени кредити, бидејќи можат да си дозволат купување на станови или куќи во „кеш“, иако низ годините наназад се згоемува и процентот на овие граѓани  што користат станбени кредити.

Што покажуваат податоците на Народна банка на Македонија сублимирани во нивниот лански годишен извештај за ризиците во банкарскиот сектор.

Имено, најмногу станбени кредити користат граѓаните со плата од 50 до 100 илјади денари, и нивниот процент е 33,4 отсто во вкупното станбено кредитирање.

Оние, пак, чија плата е од 30 до 50 илјади денари се на второ место по земање станбени кредити и тоа се 28,2 отсто од корисниците, а на трето место доаѓаат оние со плати над 100 илјади денари месечно, и процентот на такви луѓе што користат станбени заеми е 19,2 отсто. Во претходните години нив уште помалку им требале станбени кредити, односно полесно можеле да дојдат до стан или куќа без да се задолжуваат кај банките. Односно, во 2021 година нивниот процент изнесувал 17,4 отсто, во 2020 тој бил 16,6 проценти, додека најнизок процентот бил во 2019 година, кога овие кредити учествувале во вкупните со само 13,4 отсто.

Оние со плати од 22 до 30 илјади денари се потешко можат да дојдат до станбен кредит, а по се изгледа дека и потешко ги исполнуваат условите за тоа, така што лани нивнбиот процент е понизок од претходните години и изнесувал само 10,2 отсто. Луѓето, со примања, пак, до 22 илјади денари, со само 8,9 отсто учествувале во вкупните станбени кредити.

Затоа, пак, овие граѓани најмногу лани користеле потрошувачки кредиоти, и тоа 30,1 отсто од вкупните, како и минуси, односно дозволени пречекорувања и кредитни картички, со дури 37,3 проценти.

Еве кои се констатациите на Народната банка.

„Кај кредитите за набавка на станбен простор, највисоко учество имаат кредитокорисниците со повисок месечен доход ‒ месечни примања над 50.000 денари (52,6 отсто – ова се оние 33,4 отсто со плати од 50 до 100 илјади денари плус оние 19,2 проценти со примања над 100 илјади денари – н.з.). Од друга страна, населението со понизок доход (со месечни примања до 30.000 денари), коешто се смета и како финансиски поранливи особено во услови на засилување на инфлацијата, има претежно учество во структурата на кредитирањето на физичките лица за финансирање потрошувачка, со учество во потрошувачките кредити 52,6 отсто, и во дозволените пречекорувања и кредитни картички од 57,5 проценти. Сепак, за одбележување е што на годишна основа, учеството на лицата со доход до 30.000 денари се намалува кај сите поединечни кредитни производи, за сметка на зголемувањето на учеството на лицата со доход над 50.000 денари, а делумно и на учеството на лицата со доход од 30.000 до 50.000 денари, поизразено кај кредитите за финансирање потрошувачка“, се вели во извештајот на централната банка.

Инаку, како што навеле од НБМ, банките претежно одобруваат кредити со релативно високо ниво на покриеност на кредитот со вредноста на воспоставеното обезбедување. Ова е особено значајно кај кредитите за набавка на станбен простор., Инаку, во 2022 година, банките склучиле вкупно 6.211 нови кредитни договори со граѓани за купување на станови. За овие кредити е воспоставено обезбедување во форма на недвижен имот, вклучувајќи го и оној што е предмет на купопродажба. 

Месечната обврска за отплата по кредитокорисник во 2022 година бележи раст и кај кредитите за набавка на стан, и тоа на годишна основа за 2,6 отсто, и кај потрошувачките кредити, на годишна основа за 8 проценти.

„Трендот на продолжување на рочноста на новоодобрените кредити продолжи и во 2022 година, што кај одредени домаќинства може да е мотивирано од потребата за исполнување на поставените критериуми за соодносот на отплатата на месечната обврска на кредитот со месечните примања“, се вели во извештајот на НБМ.

Просечната пондерирана рочност при одобрувањето на кредитите за набавка на станбен простор во 2022 година изнесувала 19,2 години, што е идентично како и во минатата година, додека кај потрошувачките кредити изнесува 8,7 години што е подолго за 0,2 години во споредба со 2021 година. 

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми