Кој не сака да се тестира за коронавирус може да заврши во затвор
Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Ноември, 2020
Во Хонг - Конг на сите кои ќе одбијат тестирање им се заканува затворска казна и до шест месеци.
Колку пати ќе одбијат, толку е казната построга.
Избегнувањето на иницијалното тестирање се казнува со паричен износ од околу 260 американски долари.
Секое следно одбивање на тестирањето може да доведе до казна поголема од 3.000 американски долари или шестмесечна затворска казна.
Владата вчера ги најави новите мерки кои треба да послужат во сузбивањето на она што во Хонг Конг го нарекуваат четврти бран на ширење на вирусот, а со нив се опфатени високоризичните лица и сите кои со нив доаѓаат во контакт.
Секое лице од оваа категорија мора да се тестира.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.