29 Јуни, 2024
0.0279

Кој пие, а кој плаќа во „Македонски шуми“?

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Каква е продуктивноста во државна фирма која 60 отсто од приходите ги троши за плати на вработени, за сечење и дотур на дрва ангажира сезонци, а згора на тоа плаќа и 5,7 милиони евра за ангажман на надворешни фирми кои сечат, вршат дотур и превезуваат дрва. Што работат над 2.000 вработени во ЈП „Македонски шуми“? Што ќе менува новиот менаџмент за да го заштити највредниот ресурс – македонските шуми?

ЈП„ Македонски шуми“ продала дрва за 20 милиони евра во 2016 година, покажуваат официјалните податоци од Годишниот извештај на таа компанија. Од тие пари примени од продажбата дури 12 милиони евра се исплатени за бруто плати на своите 2.373 вработени. Истовременосо тоа се платени 5,67 милиони евра на надворешни фирми за сеча на дрва, за дотур на дрва и за превоз на дрва, покажуваат официјалните податоци. Вкупните приходи биле 26,47 милиони евра, а 26,37 милиони евра се расходи. Разликата е 100.000 евра, а нето добивката на оваа компанија е 2 милиони денари односно 32.360 евра.

Околу 60 отсто од приходот од дрва оди за плати!

Колкаво е нивото на продуктивност во ЈП „Македонски шуми“? Ова е првот о прашање што ќе си го постави секој што малку разбира економија додека ги чита годишните извештаи на претпријатието за 2015 година и за 2016 година. Во 2016 година ( уште нема извештај за 2017 година) фирмата за бруто плати на своите 2.373 вработени исплатила 754,1 милиони денари односно 12 милиони евра. Истата година друштвото ангажирало на привремена работа 279 лица и тоа на оперативни работни места кои директно учествуваат во создавањето на приходите од продажба на дрва. Тоа се работните позиции: секачи и дотурачи. Сличен оглас ЈП „Македонски шуми“ неодамна објави и за пополнување на такви позиции на определено работно време и за 2018 година. 
Најголемата приходна ставка во 2016 година е од продажба на дрва. Од продажба на огревно дрво претпријатието инкасирало 986,8 милиони денари односно околу 16 милиони евра, а останатите 281,3 милиони денари односно околу 4,55 милиони евра се приходи од техничко дрво. Околу 60 отсто од приходите од основната дејност продажба на дрва одат за плати на вработените во „Македонски шуми“.

Просечната бруто плата по вработен во „Македонски шуми“ во 2016 година е 26.500 денари што значи дека просечната месечна нето исплатена плата е околу 20.000 денари. Во споредба со 2015 година во 2016 година платите се зголемени за 52 милиони денари.

Кој што работи во ЈП „Македонски шуми“?

Покрај тоа што во 2016 година на вработените се исплатени 754 милиони денари за плати друштвото ангажирало надворешни фирми за сеча на дрва, за дотур на дрва и за превоз на дрва.За овие услуги на надворешни фирми „Македонски шуми“ платиле вкупно 5,67 милиони евра односно 350,2 милиони денари. За надворешните сечачи на дрва во 2016 година се платени 2 милиони евра, за тие што вршеле дотур се платени 2,17 милиони евра, а за превозот се платени уште 1,5 милиони евра.

Фактите покажуваат дека продуктивноста во 2016 година била следна: исечени и продадени се вкупно 531.566 кубни метри дрва. Од тоа продажбата на огревно дрво изнесува 430.768 кубни метри и тоа е 66 отсто од планираното за 2016 година. Продадени се вкупно 100.798 кубни метри техничко дрво и тоа е 61,7 отсто од планот за таа година. 
Интересен податок за делотворноста на „Македонски шуми“ од аспект на сопствените ресурси е тоа што во цела 2016 година за трошоци за резервни делови за булдожери, зглобни трактори, патнички возила и дигалки потрошиле 134.460 денари (нешто повеќе од 2.200 евра). А планирано било  да потроши односно да набави резервни делови за 20.000 евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност