04 Декември, 2024
0.0347

„КОЈ ПРВ ЌЕ ПОВЛЕЧЕ ЌЕ БИДЕ ПРОКОЛНАТ“: Светот не би ѝ простил на Русија за користење нуклеарно оружје

Објавено во: Свет 26 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека заканата на Русија да го задржи правото на користење нуклеарно оружје не е ништо ново, но оти рускиот претседател Владимир Путин и неговите генерали многу добро знаат дека кој прв ќе посегне по атомска бомба прво ќе биде проколнат и светот никогаш не би ѝ го простил тоа на Русија.

- Ако на тоа гледаме ладнокрвно, без паника, треба да се каже дека (Путин) го повторува она што со години е запишано како руска воена доктрина, дека Русија го задржува правото да ги користи сите средства, очигледно и нуклеарното оружје, со кои располага во случај на опасност за Русија, рече Дуда синоќа за полската приватна телевизија ТВН24.

Коментирајќи ги последните закани дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје, полскиот претседател рече дека тоа не е ништо ново.

- Меѓутоа, Владимир Путин знае совршено добро, како и неговите генерали, дека првиот што ќе употреби нуклеарно оружје ќе биде проколнат. Никогаш повеќе нема да се ослободи од таа одговорност ако употреби нуклеарно оружје. Дури и во најмала мера. Никогаш. Светот тоа нема да им го прости, рече полскиот претседател, кој престојува во Њујорк на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации.

Анджеј Дуда потсети дека кинескиот претседател Си Џинпинг јасно му рекол дека не може да замисли дека некој може да посегне по нуклеарно оружје.

Полскиот претседател сепак оцени дека е сосема можно Русија да ги нападне украинските нуклеарни електрани со конвенционално оружје, како што изрази стравување претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

- Доколку Русија ги нападне нуклеарните електрани со проектили, опасноста би била голема. Се надевам дека тоа нема да се случи. Нема сомнеж дека во случај на сериозни информации, или недај Боже да почне таков напад, Меѓународната агенција за атомска енергија треба итно да интервенира, рече Дуда.

Полскиот претседател додаде и дека во САД го чека средба во поширок круг, каде најверојатно ќе биде и украинскиот претседател, со американскиот претседател Џозеф Бајден.

- Постојано настапувам со порака за поддршка за Украина. Таа војна може да заврши само со протерување на руската армија. Тоа значи дека руската армија ќе биде поразена. Украина мора да има инструменти за тоа, рече Дуда во интервјуто со дописникот на ТВН24 од САД. ј

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За Украина е неприфалива сугестијата од САД да ја намали долната граница за воена регрутација

За Украина е неприфалива сугестијата од САД да ја намали долната граница за воена регрутација

КАРЛСОН СЕ ВРАТИ ВО МОСКВА: Подготвува обемно интервју со Сергеј Лавров, не му било дозволено да го интервјуира Зеленски

КАРЛСОН СЕ ВРАТИ ВО МОСКВА: Подготвува обемно интервју со Сергеј Лавров, не му било дозволено да го интервјуира Зеленски

ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИМПИЧМЕНТ НА ​​ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЈУЖНА КОРЕА! исфрлен е од партијата

ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИМПИЧМЕНТ НА ​​ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЈУЖНА КОРЕА! исфрлен е од партијата

„Ќе се воведат ли санкции против Сеул? Или Јужна Кореја ќе има повеќе среќа од Грузија?“: Захарова распали на социјалните мрежи

„Ќе се воведат ли санкции против Сеул? Или Јужна Кореја ќе има повеќе среќа од Грузија?“: Захарова распали на социјалните мрежи

(ВИДЕО) КРИЗА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Уапсени се опозициски лидери, имаше и судири

(ВИДЕО) КРИЗА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Уапсени се опозициски лидери, имаше и судири

ТРАМП ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ХАМАС: Скапо ќе платат ако не ги пуштат заложниците

ТРАМП ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ХАМАС: Скапо ќе платат ако не ги пуштат заложниците

РОМАНИЈА ОСТРО РЕАГИРА: Дугин напишал дека земјата ќе биде дел од Русија?

РОМАНИЈА ОСТРО РЕАГИРА: Дугин напишал дека земјата ќе биде дел од Русија?

ШОКАНТНА ПОРАКА ОД УКРАИНА ДО НАТО АЛИЈАНСАТА: Отфрламе се освен полноправно членство!

ШОКАНТНА ПОРАКА ОД УКРАИНА ДО НАТО АЛИЈАНСАТА: Отфрламе се освен полноправно членство!

ИМА И КОНТРОВЕРЗНО ОРУЖЈЕ, ШТО СÈ СОДРЖИ ПАКЕТОТ ОД БАЈДЕН ЗА УКРАИНА: Чини само 725 милиони долари

ИМА И КОНТРОВЕРЗНО ОРУЖЈЕ, ШТО СÈ СОДРЖИ ПАКЕТОТ ОД БАЈДЕН ЗА УКРАИНА: Чини само 725 милиони долари