Кој регион најмногу придонесува за македонскиот БДП?
Објавено во: Економија 31 Октомври, 2025 17:37
Скопскиот регион учествува со 45,9 oтсто во бруто-домашниот производ, а Североисточниот Регион со 4,5 отсто, објави Државниот завод за статистика(ДЗС).
Во 2023 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија има Скопскиот Регион со 45,9 отсто, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 4,5 отсто.
Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 138,2 и Југоисточниот Регион со индекс 111,6. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.
Во 2023 година, најголемо учество во бруто-инвестициите во основни средства има Скопскиот Регион со 53,2 отсто.
Со 16,8 отсто, Пелагонискиот Регион има најголем пораст на бруто-домашниот производ во однос на 2022 година.
Со 107,6 отсто, Полошкиот Регион има најголем пораст на бруто-инвестициите во основни средства во однос на 2022 година.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




