06 Октомври, 2024
0.0243

КОЈ СЕ ДОБЛИЖИ ДО ЕДНА ЧЕТВРТИНА ОД КАПИТАЛОТ НА „РЖ УСЛУГИ“ - ќе успее ли зајакнатиот газда да ја спаси компанијата од зоната на загубите

Објавено во: Економија 05 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Се окрупнува сопственоста во скопската компанија „РЖ услуги“. Самото акционерско друштво вчера преку Берзата извести дека нејзиниот мнозински акционер, Ѓорги Качурков, ја зголемил сопственоста во компанијата и сега таа му изнесува над 24 проценти.

„РЖ УСЛУГИ Скопје ја известува јавноста дека е настаната промена во сопственоста на акциите со право на глас. Имено, Ѓорѓи Качурков како мнозински акционер ја зголемил сопственоста и се стекнал со 47 800 акции,со што во во моментов поседува вкупно 24,17 проценти од главнината на акции со право на глас во РЖ УСЛУГИ Скопје“, се вели во објавата од компанијата до инвеститорската јавност испратена преку Берзата.

Како што е познато, РЖ Услуги се занимава со собирање, прочистување, призводство и дистрибуција на вода за пиење и индустриска вода. Покрај тоа компанијата извршува и други дејности како што се телефонски и интернет услуги, услуги за обезбедување и противпожарна заштита, сервисирање на противпожарни апарати, производство и дистрибуција на гас, техничко испитување и анализа, транспортни услуги, градежни услуги и др, се вели во описот на дејноста на оваа компанија.

Според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, во моментов Ѓорги Качурков е најголемикот акционер во РЖ услуги, и тој таму поседува за малку една четвртина од компанијата, односно 24,17 отсто.

Веднаш после него, со исто така солиден процент од акциите, е друштвото за енергетика „РИ Енергоинститут ДООЕЛ Скопје“, кое поседува 16,34 отсто од акционерскиот капитал, додека, пак, самите РЖ Услуги имаат 9,12 отсто од капиталот, што е дозволено во услови кога некоја компанија сака да ја штити својата цена од намалување.

Инаку, во оваа компанија РЖ Услуги најголемиот дел од капиталот припаѓа на поситни акционери, односно 2.825 домашни физички лица, кои поседуваат заедно 47,14 отсто од вкупниот капиатал на компанијата.

Инаку, РЖ услуги е компанија која тешко успева да работи позитивно, барем во последниве неколку години, а според податоците од Берзата и од нејзините финансиски извештаи.

Па така, таа во 2020 година оствари загуба во своето работење, додека во 2021 година била успешна и прикажала позитивен финансиски резултат. Затоа, пак, 2022 година, односно ланската, повторно ја завршува со минус, односно со загуба од 164 илјади евра.

Оваа компанија имала загуба и за првите девет месеци од годинава, и тоа над 104 илјади евра, што е пораст за 38 отсто во однос на загубата направена во истиот период од минатата година.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?