КОЈ ТРГОВСКИ СИНЏИР Е НА ПРВО МЕСТО ПО ЗАРАБОТКА? Еве колку финансии остваруваат во Хрватска

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2023
Повеќето од водечките трговски синџири биле над просекот, пишува тпортал, а пренесува Пословни дневник.
Лидл го зазеде првото место со просечна плата од 11.557 куни (1.534 евра).
Во Лидл минатата година просечната плата скокна за 20,3 отсто, што значително ја надмина стапката на инфлација, додека просечната плата на работниците на ДМ порасна за 5,9 отсто, на 11.157 куни (1.481 евра).
Кауфланд, Метро и Милер се издвојуваат со релативно високите плати, но како и dm, овие трговци не ги приспособуваа платите на растот на инфлацијата, а приходите на нивните работници паднаа во реални услови. Во исто време, Милер забележа најголем реален пад, во кој просечната плата номинално порасна за само 3,5 отсто, пишува порталот.
Просечната плата на работниците во Студенац скокна најмногу, речиси 22 отсто, на 6.563 куни (871 евра), со што овој малопродажен синџир е над просекот. Во тој опсег е и Плодин, со просечно зголемување на платата од 11,5 отсто.
Најслабо платени се работниците на Тиско, чија просечна плата била 5.304 куни или 704 евра, додека просечната плата во Конзум е само малку повисока - 744 евра, т.е. 5.607 куни, пишува тпортал.
Можеби ќе ве интересира
Претседателот на Клубот на извозници учествуваше на Самитот за глобална трговија во Дубаи

АКО ХРВАТИТЕ НИ ГИ ВРАТАТ ПИПЕРКИТЕ СО ПЕСТИЦИД - нашата Агенција за храна ќе ги уништува на безбеден начин

ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ДО ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА АКО ОТКРИЈАТ НЕНАМАЛЕНИ ЦЕНИ - Бектеши задоволен како тече мерката
ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите

„ЧЕБРЕН“ НЕМА ДА ДОНЕСЕ СВЕЖИ ПАРИ ЗА ДРЖАВАТА: Македонија да има предност за користење на електричната енергија

КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производството на 60 илјади станбени единици

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда

Законот изгласан, но бизнис секторот не се предава: Законот за „неплаќачи“ ќе го оспориме пред Уставен
