05 Декември, 2025
0.0382

КОЈ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ НЕМААТ ПАРИ - во акции на Комерцијална банка вложија 5 милиони евра, а 4 платија за „Алкалоид“

Објавено во: Финансии 17 Декември, 2024 10:35

Добивај вести на Viber

Берзата го живее својот „златен“ период, а за идната година се очекуваат уште подобри денови. 

А за тоа колку инвеститорите загризаа во купување акции доволно говори огромниот промет на Берзата и големиот раст на цената на акциите. 

Се чини дека добрите финансиски резултати, дивидендната репутација и желбата слободните среддства да не се инвестираат само во банка, но и прегрупирањата што се случија и се случуваат во одредени фирми, си го сторија своето и направија акциите да бидат меѓу најбараната „стока“.

Берзата го објави својот билтен за ноември оваа година, а тој говори дека најголем промет во минатиот месец се свртел со акциите на Комерцијална банка и „Алкалоид“.

Или, со акциите на Комерцијална банка во ноември биле направени трансакции од дури 4,6 милиони евра, додека, пак, инвеститорите со акциите на „Алкалоид“ направиле промет од 3,8 милиони евра. 

И другите компании чии акции исто така се важат за „прометни“, веќе не влегуваат во рангот на милионери, според направениот промет во евра за еден месец.

Па така, со акциите на „Македонијатурист“, каде што ги имаше најголемите превирања, и каде штпо вцладееше вистинска акционерска борба за превласт, за ноември е направен промет од 985 илјади евра, или за малку па еден милион. 

Акцијата на НЛБ Банка, пак, која важи за една од најпрестижните за инвеститорите, направила промет од 600 илјади евра. 

Интересни се и акциите на нафтениот гигант „Макпетрол“, кои донеле на берзата промет од 374 илјади евра.

И потоа следуваат ТТК банка, со чии акции е направен промет од 147 илјади евра, а промет од 130 илјадиевра е направен со акциите на градежниот гигант „Гранит“. Стопанска банка Скопје имала промет од безмалку 130 илјади евра, додека, пак, со акциите на Стопанска Битола остварениот промет бил 119 илјади евра. И со акциите на Македфонски телеком е остварен промет од 111 илјади евра, говорат берзанските податоци. 

Гледано генерално, во ноември во однос на еден месец претходно, берзанскиот промет пораснал за над 29 проценти.

Н.Н.Ф. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката