19 Декември, 2025
0.0526

КОЈА БАНКА ТЕЖИ 900 МИЛИОНИ, А КОИ ДРУГИ ГИГАНТИ НАДМИНАА ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА - еве ги најновите бројки, инвеститорите се на потег

Објавено во: Финансии 15 Октомври, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

Која фирма колку вреди и колку би чинела доколку сите нејзини акции се продадат одеднаш, во исти момент.

Се разбира дека станува збор за хипотетичка ситуација, бидејќи компаниите си имаат доминантни акционери со кои одлично функционираат, а во одредени моменти токму главните сопственици праќаат до останатите акционери понуди за преземање, се разбира доколку сакаат да го зголемат својот акционерски капитал, или доколку имаат таква обврска согласно Законот за преземање.

Фактор после секој берзански билтен анализира колкава пазарна капитализација имаат главните и најмоќни котирани компании, односно оние кои го сочинуваат македонскиот берзански индекс МБИ 10, а со чии акции најмногу се тргува, и кои генерално, бележат најголем раст на своите цени.

Берзата неодамна го објави билтенот за септември, а во него може да се види како во моментов стојат главните акционерски друштва според својата пазарна капитализација.

Прва е повторно Комерцијална банка, чија пазарна капитализација на крајот на септември изнесувала над 892 милиони евра, нешто слично како и еден месец претходно. Тоа значи дека Комерцијална банка за толку пари би се продала во исти момент ако во исто време нов сопственик добијат сите нејзини акции.

Мора да се каже дека на второ место според висината на пазарната капитализација е Македонски телеком, но тоа АД не се најде во последниот берзански билтен, бидејќи не е меѓу десетте најтргувани акции за тој месец. Но без оглед на тоа, хартиите од вредност на таа компанија се многу барани и речиси секој месец се во најтргуваните. Според пресметките на Фактор, согласно бројот на издадени акции и последната цена на тргување на 27 септември, Македонски телеком има пазарна капитализација од 639 милиони евра.

Другите две најголеми банки се на трето и четврто место. Имено, на третата позиција дојде НЛБ Банка, со пазарна капитализација од 623 милиони евра. Акциите на оваа банка секогаш се меѓу најтргуваните на Берзата, иако банката има доминантен акционер, а тоа е групацијата на Нова Љубљанска банка од Словенија.

Четвртата позиција со исто така одлична висина на пазарна капитализација е резервирана за Стопанска банка Скопје, и таа на крајот на септември оваа година изнесува 556 милиони евра. 

Но, уште наша успешна компанија и гигант, а тоа е „Алкалоид“, исто така има пазарна капитализација од над половина милијарда евра, односно прецизно нејзините акции сите заедно се искачија до пазарна вредност од 519 милиони евра. Акциите на нашиот фармацевтски гигант секогаш одат нагоре, бидејќи станува збор за исклучително квалитетна компанија со многу перспективен развој на нејзиниот бизнис.

Значи, ги имаме трите банки кои се најголеми и еден телекомуникациски магнат, како и еден фармацевтски гигант, кои се со пазарна капитализација над половина милијарда евра, иако една банка, Комерцијална, веќе доближува и до цела милијарда.

Потоа следува нафтениот гигант Макпетрол со пазарна капитализација од 159 милиони евра, па уште еден гигант, но градежен, односно компанијата Гранит, со пазарна капитализација од 88 милиони евра, а веднаш зад Гранит е скопската рафинерија ОКТА, со капитализација од околу 82 милиони евра.

УНИ Банка има пазарна капитализација од 64 милиони евра, Македонија Турист 63 милиони евра, а Стопанска банка Битола 20,3 милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми