19 Декември, 2025
0.0832

Која е тајната формула на менаџерите на ТТК Банка? Добивката порасна 36 отсто

Објавено во: Финансии 01 Февруари, 2023 07:55

Добивај вести на Viber

Добитна комбинација на менаџерите на ТТК Банка лани беа намалените резервации при исто ниво на нето приходи од камати и провизии, засилени со солиден раст на останатите приходи од дејноста. Добивката достигна еден милион евра во услови на намалено кредитирање, снижено вложување во државни хартии од вредност и пад на депозитната база од 7 отсто.

Голем успех и резултат за почит е кога една од најмалите банки ќе ја зголеми добивката за 36 отсто. Особено ако се има предвид острата конкуренција меѓу десетина банки (сегментот на средни и мали банки) кои се борат за своето пазарно учество на македонскиот банкарски пазар.

ТТК Банка има успешна година, а нејзиниот финансиски резултат сигурно ќе ги израдува нејзините акционери – кои се научени на пристојни и редовни дивиденди. Успешната оптимизација на приходите и трошоците доведе до тоа оваа банка да стигне до нето профит од 990.000 евра или 36 отсто повеќе од 2021 година.

Тоа е реализирано во услови на намалени нето приходи од камати, намалено кредитирање и пад на депозитите.

Да тргнеме со ред. Нето приходите од камати на ТТК Банка за лани изнесуваат 4,05 милиони евра и се за нијанса пониски од претходната година. Делумна компензација дојде со зголемувањето на нето приходите од провизии и надоместоци кои достигнаа 3,24 милиони евра.

Значајна поддршка за финансискиот резултат или народски кажано ветар во грб  дадоа останатите приходи. Тие се дуплирани во однос на 2021 година и достигнаа еден милион евра. Иако помала ставка, но вредно за истакнување е тоа што за 27 отсто пораснаа и приходите од курсни разлики и достигнаа 229.000 евра.

И секако клучниот „зачин“ за одличниот резултат се намалените резервации. Тие за лани изнесуваат 1,1 милиони евра што е за 64 отсто помалку од претходната година.

Кај трошоците нема значајни промени. За вработените лани се издвоени 3 милиони евра и тоа е за нијанса повеќе од претходната година. Тоа укажува дека банката мисли и посветува внимание за своите вработени.

За да се добие комплетна слика многу е важно да се истакне дека банката го намали интензитетот на кредитирање, на вложување во државни хартии од вредност, а истовремено со тоа го намали и депозитниот потенцијал.

Кредитирањето на крај на 2022 година изнесува 78,2 милиони евра што е за 2,2 милиони евра помалку од претходната година. Вложувањето во хартии од вредност е намалено за 19 отсто односно за 5 милиони евра и изнесува 20 милиони евра. Депозитната база е помала за 7 отсто и на крај на ланската година изнесува 116,2 милиони евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми