20 Мај, 2024
0.0287

КОЈА ИМ БИЛА ВОЗРАСТА И ИМАЛЕ ЛИ И ДРУГИ БОЛЕСТИ - јавноста не ги дозна сите детали од надлежните

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Викендов од коронавирусот во земјава починаа вкупно 18 лица. За тоа Министерството за здравство и министерот Венко Филипче информираа на своите официјални фејсбук страници.

Но, она што остана нејасно, е зошто не беше објавена возраста на починатите пациенти. Истото се случи и во четвртокот минатата недела. 

Односно, во саботата беше објавено дека се починати 9 лица, од кои шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

Во неделата, пак, беше објавено дека се починати девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.

За овие пациенти не беше објавено ниту колку години имаат, ниту дали имале некои коморбидитети, односно други болести, поради кои би дошло до комлицирање на состојбата.

Новинарите кои известуваат за здравствената криза, преку сопствени истражувања дошле до податоците за годините на возраст на починатите пациенти. 

Од нивните истражувања се дозна дека вчера во ГОБ „8 септември“ починале од Скопје двајца пациенти на возраст од 62 години, а останатите биле на возраст 56, 59, 74, 88 и 73 години.

Во КБ Тетово е починат еден пациент на возраст од 79 години. Бил евидентиран и пациент од Струга починат во „Филип Втори“ (Жан Митрев) на возраст од 84 години.

Претходно, во сите соопштенија беа наведени податоци за возраста на пациентите, во која здравствена установа починале, и кога биле хоспитализуирани.

Со оглед што станува збор за сериозна здравствена криза, од здравствените власти се очекува многу подетално и попрецизно да ја информираат јавноста за починатите пациенти, односно таа да биде навремено запознаена за нивната возраст, времето на хоспитализација и болницата каде се лекувале, но и за евентуалните коморбидитети кои ги имале овие луѓе. 

Од почетокот на епидемијата, во македонија од КОВИД-19 се починати 286 лица. Просечната возраст, според Институтот за јавнбо здравје, е отприлика над 60 години.

Имаше бројни случаи, во кои и помлади лица ја изгубија битката со подмолната болест.

Можеби ќе ве интересира

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција