22 Ноември, 2024
0.0286

КОЈА КИЧЕВСКА КОМПАНИЈА „ПОТОНА“ ВО ЗАГУБА ОД 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - новиот газда засега не се „посреќи“ со мелничко-пекарската фирма

Објавено во: Економија 16 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Огромна загуба од 3,32 милиони евра за минатата година искажа компанијата на бизнисменот Селаудин Арифи, „Жито Караорман“ од Кичево. 

Тој негативен финансиски резултат може да се види од неревдираниот Биланс на успех на компанијата, кој таа го објави преку Македонската берза.

Како што е познато, минатата година беше карактеристична по тоа што Селаудин Арифи ги презеде акциите од претходно доминантниот сопственик Сретен Миладиноски, и токму тој стана управувачки и главен акционер на компанијата. 

Од Билансот на успех се гледа дека компанијата лани сепак имала солидни приходи, кои изнесувале 1,8 милиони евра, но затоа расходите биле многу повиски и биле на ниво од 5,1 милиони евра.

На расходната страна најмногу се зголемени останатите трошоци од работењето, за кои не се знае кои се, а кои изнесувале фантастични 1,3 милиони евра. 

Во образложението кое „Жито Караорман“ го дава до Берзата е наведено дека има загуба, но не се наведени причините зошто е дојдено до толку висок негативен финансиски резултат, односно на што толку трошела компанијата, за да дојде до толку високи расходи.

„МПИ ЖИТО КАРАОРМАН АД Кичево за период јануари-декември 2023 година оствари загуба во износ 204.113 илјади денари искажана во неревидираниот биланс на успех. Вкупните приходи во 2023 година изнесуваат 110.503 илјади денари и истите се зголемени за 12,47 отсто во однос на претходната година кога изнесувале 98.245 илјади денари. Приходите се остварени од домашен пазар. Вкупните расходи во 2023 година изнесуваат 314.616 илјади денари и истите се зголемени во однос на 2022 година кога изнесувале 97.786 илјади денари“, се вели во образложението кое компанијата го испратила до Берзата. 

Сепак, од компанијата се оптимисти дека состојбите ќе се подобрат во текот на оваа година. Надежта е во очекувањата мелницата да работи со зголемен капацитет.

„Одборот на директори очекува зголемување на приходите со оглед на фактот дека се набавија поголеми количини на пченица и се очекува мелницата да работи со зголемен капацитет“, се вели во образложението на компанијата. 

Според последната состојба од ЦДХВ, односно во моментов, бизнисменот Селаудин Арифи има 74,19 отсто од акциите во кичевската компанија, додека, пак, 5,09 отсто од акциите поседува Сашо Крстевски.

Како што веќе има пишувано Фактор, во првото полугодие од ланската година кичевската млинско-пекарска индустрија прикажа загуба од 318 илјади евра, а после три месеци таа не само што не е намалена, туку и нараснала како „квасец“, искачувајќи се на цели 777 илјади евра на крјот на за третиот квартал од 2023 година.

Во образложението кое компанијата го даде за првото полугодие, таа кажа дека загубата се должи на сеуште високите цени на енергијата, како и на сеуште намалената функција на мелницата, што не дозволувало да се постигне планираното производство. Тогаш од „Жито Караорман“ објаснија дека во наредниот период се очекува надминување на сите овие проблеми и зголемување на приходите. 

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, Селаудин Арифи, се стекна со над 74 проценти од акциите, но и објави понуда до сите акционери за тотално докупување на нивните акции, со што тој би го поседувал целото ова акционерско друштво. Но, тие акциите не му ги продадоа.

Претходно, Арифи беше помал акционер во компанијата, но тој докупи 51 отсто од акциите од претходниот доминантен акционер Сретен Миладиноски.

Селаудин Арифи, всушност е познат како газда на фирмата „АС Сењак“, а според некои извори тој е близок со високи лица во ДУИ, една од владејачките партии. За оваа фирма се пишуваше и дека добива бројни државни јавни набавки.

Исто така, веќе пишувавме дека откако остана доминантен газда на кичевската „Жито Караорман“, Селаудин Арифи веројатно сега решава да се ослободи од деловите од таа компанија кои не се нејзин кор бизнис, а тоа е млинско-преработувачката дејност, па компанијата повеќе нема да биде сопственик на фирмата „Хидро кар“, која работи во делот на електричната енергија. Односно, Жито Караорман од Централниот регистер се избриша како основач или сопственик на Хидро кар, и таа компанија доби нов сопственик, чие име се впиша во Централниот регистер како сопственик.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите