ЗА СЕЛАУДИН АРИФИ ЛЕБОТ, ЗА АДИ ВОКШИ СТРУЈАТА - „Жито Караорман“ повеќе нема да биде сопственик на Хидро-кар, еве кој ќе газдува
Објавено во: Економија 12 Октомври, 2023
Откако остана доминантен газда на кичевската „Жото Караорман“, Селаудин Арифи веројатно сега решава да се ослободи од деловите од таа компанија кои не се нејзин кор бизнис, односно млинско-преработувачката дејност.
Според податоците до кои дојде Фактор од Централниот регистар, Жито Караорман од Кичево повеќе нема да биде сопственик на компанијата „Хидро кар“, која работи во делот на електричната енергија.
Односно, Жито Караорман од Централниот регистер се брише како основач или сопственик на Хидро кар, и таа компанија добива нов сопственик, чие име се впишува во Централниот регистер како сопственик, а тоа е името на Ади Вокши од Гњилане, Косово.
Во дополнителните информации што се даваат од Централниот регистер, се наведува дека станува збор за истапување на основачи и пренос на удел, на Друштвото со посебна намена „Хидро Кар“ увоз извоз.
Ова всушност значи дека Селаудин Арифи, односно неговата компанија „Жито Караорман“, му ја отстапува компанијата Хидро Кар на Ади Вокши од Тетово.
Инаку, во еден ревизорски извештај кој се однесува на Жито Караорман од 2019 година, било наведено дека ова друштво за мелничко пекарска индустрија се јавува како основач и единствен содружник на Хидро кар, со 100 отсто запишан капитал од вкупно 66.600 евра, односно паричен влог од 5.000 евра и непаричен уплатен влог на износ од 61.600 евра.
Исто така, во тој извештај се наведува дека основна дејност на работење на друштвото за посебна намена Хидро-кар увоз-извоз ДООЕЛ Кичево, е всушност производство на електрична енергија. Управител на Хидро-кар, како што стои во тој ревизорски извештај од 2019 година, бил Слободан Јовески од Кичево.
За тоа, пак, кој е Ади Вокши од Косово, пребарувањата по интернет говорат дека тој се јавува како основач и на неодамна формирана компанија за алектрична енергија М-В Енерџи Кичево, каде што заедно со него основач е Сретен Миладиноски од Кичево.
А, оние што ги следат приликите знаат дека токму Сретен Миладиноски е човекот кој беше управувачки и најголем акционер се до скоро во Жито Караорман, со над 50 отсто од капиталот, но неодамна му го продаде својот акционерски пакет на Селаудин Арифи, по што тој стана и сеуште е доминантен мнозински и најголем газда на млинско пекарската компанија од Кичево, со над 74 отсто од капиталот.
Компанијата, пак, Мит Солар Дооел - 2023, е исто така за електрична енергија, како што кажува и самото нејзино име, а таа е на Саит Вокши, кој се претставувал и како сопственик на US Energy пред Општина Кичево за ветерен парк од 35 мв. На таа фирма, пак, управители биле Блеранд Сарачи од Дебар и Ади Вокши од Косово. Значи, Ади Вокши е поврзан и со оваа компанија.
И конечно, она што треба да се спомене е компанијата ЕОЛ Енергие Кичево, чии газди се Сретен Миладиновски, неговиот татко Софронија, Јове Брглевски од Битола, како и уште еден сопственик од Британија. Ова би значело дека Сретен Миладиноски, откако излезе од Жито Караорман, се преориентирал кон бизносот со струја, кој се покажа како многу профитабилен во земјава, особено во време на енергетската криза.
Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, Селаудин Арифи неодамна, откако дојде до 74 отсто од капиталот во Жито Караорман, даде јавна понуда до сите мали акционери и тие да му ги продадат своите акции. Тие одлучија да не ги продадат, но и покрај тоа оваа понуда за преземање се смета за успешна.
Во таа компанија сега останува уште еден помал акционер кој поседува над 5 отсто од капиталот, а тоа е Сашо Крстески, чии пакет е 5,09 проценти, како и 54 други физичлки лица, кои заедно располагаат со уште не така мал процент од акциите, односно 20,72 проценти од капиталот.
Инаку, како што пишувавме, „Жито Караорман“ во првото
полугодие од годинава прикажа прилично тешка загуба од над 318 илјади
евра, откако во истиот период лани истата оваа фирма работела со
добивка, на сума од 41 илјади евра. Како причина за високите расходи компанијата
ги наведе високите цени на енергијата потребна во процесот на
работа и сеуште намалената функција на мелницата.
Арифи, пак, стана доминантен газда купувајќи близу 51 отсто од капиталот од претходниот акционер Сретен Миладиноски.
За Арифи медиумите објавија дека е сват на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој е познат како газда на „АС Сењак“, фирма за која се пишуваше дека добива бројни државни јавни набавки.
Н.Н.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.