08 Декември, 2024
0.0256

Која компанија е хит на годината? Приходот од продажба порасна 76 отсто, а добивка е зголемена за 26 пати!!!

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Раст на добивката за 26 пати и зголемување на приходите за 76 проценти се подвиг вреден за внимание. Во жижата на фокусот на инвеститорската јавност „Карпош“ влезе затоа што речиси го удвои обемот на работа, трошоците за вработени пораснаа за над 70 отсто, а за суровини се зголемени за 50 проценти, пишува во неконсолидираниот извештај за работата на компанијата во првите девет месеци годинава

Скопската градежна компанија Фабрика „Карпош“ има извонредна година, покажуваат финансиските резултати за периодот јануари – септември од неконсолидираниот извешта. Компанијата која ја живее својата 76 годишнина и е препознатлива по градби на далекуводни столбови, трафостаници и мостови се почесто се пронаоѓа и во изградба на хали, монтажни објекти и станбени згради.

Годинава „Карпош“ во првите девет месеци книжи раст на добивката што е за неверојатни 26 пати повисока од остварувањето во истиот период лани. За двеет месеци компанијата има проофит од 558.000 евра. И таа добивка е остварување  од продажба во вредност од 13,52 милиони евра.

Веројатно од извештајот најважен е, односно во позитивна смисла на зборот „боде очи“ податокот дека „Карпош“ годинава успеал да ги зголеми приходите од продажба за 76 отсто во споредба со лани. Тоа значи дека за девет месеци „Карпош“ инкасирал 6 милиони евра повеќе од истиот период во 2023 година.

При тоа сите приходи на „Карпош“ се остварени на домашниот пазар. Оваа фабрика е одличен пример за тоа дека и дома може да се работи успешно.

Оперативната добивка на компанијата за овој период изнесува 679.000 евра и таа е 9 пати поголема од истиот период во претходната година.

Трошоците за продажба на “Карпош“ изнесуваат 12,15 милиони евра и се за 10 отсто пониски од истите во овој период лани.

Во структурата на трошоците импонира вредноста на тоа што „Карпош“ го платил за своите вработени. Трошокот за нив изнесува 2,8 милиони евра и е за 72 отсто поголем од претходната година. Ова јасно укажува дека годинава „Карпош“ значајно го зголемил обемот на својата работа. За обемот на работа јасен и недвосмислен показател се и трошоците за суровини и материјали кои годинава се зголемени за 52 отсто до 4,7 милиони евра.

Износот на трошоци за услуги со карактер на материјални трошоци исто така бележи раст и достигна 5,4 милиони евра односно 56 отсто повеќе од лани.

Фабрика „Карпош“ фирма со седум децениска традиција која е специјализирана за производство на бетонски столбови. Но истотака импозантна е нејзината рефернтна листа на други градежни и монтажни објекти која може да се види на следниот линк https://mk.fabrikakarpos.com.mk/?page_id=2229

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еден од најважните сектори во рацете Роксана Минзату - која е новата потпретседателка?

Еден од најважните сектори во рацете Роксана Минзату - која е новата потпретседателка?

Ако планирате патување за одмор, ова може да ви го уништи одморот: Прашајте за превозот во овие три земји

Ако планирате патување за одмор, ова може да ви го уништи одморот: Прашајте за превозот во овие три земји

„НАЈГОЛЕМ РАСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ“ - премиерот најавува „до крај на годината очекуваме да надмине една милијарда евра“

„НАЈГОЛЕМ РАСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ“ - премиерот најавува „до крај на годината очекуваме да надмине една милијарда евра“

УЈП УТВРДИ НЕПРАВИЛНОСТИ КАЈ 126 КОМПАНИИ: меѓу нив и нерегистрирани фирми, еве ги деталите

УЈП УТВРДИ НЕПРАВИЛНОСТИ КАЈ 126 КОМПАНИИ: меѓу нив и нерегистрирани фирми, еве ги деталите

„ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ НЕ УСПЕВААТ ДА ГО СТАБИЛИЗИРААТ ПАЗАРОТ“: Левица апелира да се воведат мерки кои ќе го подобар стандардот на граѓаните

„ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ НЕ УСПЕВААТ ДА ГО СТАБИЛИЗИРААТ ПАЗАРОТ“: Левица апелира да се воведат мерки кои ќе го подобар стандардот на граѓаните

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви