27 Септември, 2024
0.0286

Која македонска фирма прими 1,35 милиони евра дивиденда?

Објавено во: Економија 24 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Во нето добивката на „Реплек“ соодносот на оперативна добивка со приход од дивиденда е 1 наспрема 27. Односно на еден денар добивка дивидендата учествува со 27 денари. По ова „Реплек“ АД е единствената компанија затоа што дивидендата во добивката учествува со 1,35 милиони евра, а оперативната добивка со помалку од 50.000 евра. Значи во добивката приходот од дивиденда е 96,5 отсто, а оперативната добивка е 3,5 отсто

„Реплек“ за првите шест месеци годинава има приходи од дивиденда кои се два и пол пати поголеми од приходите од продажба, покажуваат официјалните податоци од неконсолидираниот извештај за финансиското работење во првото полугодие. Од дивиденда „Реплек“ има приход од 1,35 милиони евра кои се платени во првиот квартал, а се поголеми за 45 отсто од лани кога приходите од дивиденда биле 932.000 евра.

„Реплек“ е компанијата која има најголемо учество на финансиските приходи во добивката во споредба со која било друга компанија. Слична била состојбата и лани со тоа што годинава е знајачно поизразено учеството на дивидендата во добивката на компанијата.

Добивката на „Реплек“ за првото полугодие годинава е 1,4 милиони евра, а од нив 1,35 милиони евра се од дивиденда, а помалку од 50.000 евра се оперативна добивка. Иако мора да се истакне дека „Реплек“ има значајно подобрување на резултатот од работењето во однос на минатата година кога оперативната добивка била помала од 16.000 евра.

За првите шест месеци „Реплек“ според поединечниот биланс за успех има приход од продажба што изнесува половина милион евра и тој бележи расто во однос на истиот период лани од 13 отсто.

Како работи групата „Реплек“?

Консолидираниот биланс на „Реплек“ покажува дека групата има помала добивка од АД „Реплек“. Таа изнесува 944.000 евра на приходи од продажба кои изнесуваат 7,54 милиони евра. Во консолидираниот биланс се гледа дека „Реплек“ успеал да ги зголеми приходите од продажба на домашниот пазар, но и на странските пазари. Извозот изнесува 4,33 милиони евра за шест месеци и бележи раст од 19 отсто, а домашната продажба изнесува 3,21 милиони евра. Генерално приходите од продажба за првите шест месеци пораснале за над еден милион евра во однос на истиот период лани. Нето добивката е 12,5 отсто од приходите од продажба.   

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ЕСМ назначи нова тура директори

ЕСМ назначи нова тура директори

КИНЕСКАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: „Катализатор за глобален развој“

КИНЕСКАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: „Катализатор за глобален развој“

„РОЛЕКС“ ПОЧНУВА ДА ПРОДАВА „СЕКНД ХЕНД“ ЧАСОВНИЦИ - еве колку тие ќе чинат

„РОЛЕКС“ ПОЧНУВА ДА ПРОДАВА „СЕКНД ХЕНД“ ЧАСОВНИЦИ - еве колку тие ќе чинат

НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ХАОС: Еве што се случува

НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ХАОС: Еве што се случува

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела