Колкав К-15 ќе добијат работниците годинава?
Објавено во: Економија 06 Јуни, 2023
Скокна минималниот износ за К-15.
Со растот на просечната плата, порасна и минималниот износ за К-15, кој, оваа година ќе биде 13.672 денари. Оваа сума се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика (ДЗС) и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти. Крајниот рок за исплата на регресот е 31 декември, а компаниите ќе добијат зелено светло за исплата уште на 1 јули годинава. Единствениот услов за работникот да добие К-15 е да биде најмалку 6 месеци вработен во фирмата и секако, да биде уредно пријавен на определено или на неопределено работно време. Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) појаснуваат дека просечната нето-плата во Македонија во изминатите 3 месеци изнесувала 34.197 денари, а тоа значи дека 40 проценти од таа сума изнесува 13.672 денари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.