16 Декември, 2025
0.0657

Колкава плата зема гувернерот на црногорската Централна банка?

Објавено во: Балкан 21 Април, 2014 14:08

Добивај вести на Viber

Гувернерот на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) Милоица Дакиќ минатата година зел плата од речиси 52.000 евра, откриле податоците што оваа институција ги доставила до невладината организација Центар за демократска транзиција. Централната банка се согласила да ги открие платите на директорите и на гувернерот дури откако невладината организација вложила жалба до Агенцијата за заштита на лични податоци и слободен пристап до информации заради прекршување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Според податоците, Дакиќ лани заработил вкупно 32.300 евра, што значи дека примал плата од речиси 2.700 евра месечно. Но, за членство во Советот на ЦБЦГ примил и дополнителни 10.800 евра, а 6.000 евра на годишно ниво добил и како претседател на Одборот на директори на Централната депозитарна агенција. За членство во Советот за финансиска стабилност искеширал уште 3.500 евра, додека неговите дневници за службени патувања минатата година изнесувале вкупно 3.900 евра. Вицегувернерот Никола Фабрис заработил 47.500 евра - речиси 26.500 евра изнесувала неговата годишна плата, но и тој имал дополнителни приходи од учества во различни тела и патни трошоци.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата