15 Декември, 2025
0.0268

„КОЛКУ И ДА БОЛИ, НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА КВАЛИТЕТ, А НЕ ДИПЛОМИ“: Пешев предупредува, ќе останеме со дипломи ама без работа

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2025 12:30

Добивај вести на Viber

Светот во овој момент мора навистина длабински да се подготви за промените кои следуваат, а ние да направиме максимален напор да ги мобилизираме сите наши сили, сè што можеме да искористиме за да имаме квалитативен, повисок одговор на она што ќе ни се случи во блиска иднина – огромна промена во профилот на работната сила, бран на технолошки иновации, изјави Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија која денеска организираше конференција „Градење иднина – практични вештини за новата генерација“.

Во таква ситуација, како што рече „цунами во најава“, во Македонија ќе треба да се направат исклучително големи промени во високото образование.

-Колку и да боли, колку и да изгледа непопуларно, на Македонија и треба квалитет, а не фабрика за печатење дипломи. Тоа е нешто што треба да го научиме. Ако во средното образование за дваесетина години работа на реформи дојдовме до ниво  70 отсто деца да се запишуваат во средните стручни училишта, дошло време таа работа да се случи и со универзитетите... Ќе останеме со диполми и без работа. И тоа нека биде сигнал за сите нас дека е време за аларм. Се надевам дека и Владата има разбирање за тој сегмент, заради тоа што се работи за реформа која досега сме ја немале, порача Пешев. 

Укажа и на се поголемото влијание на вештачката интелигенција која ќе ги диктира професиите и профили на работна сила и притоа укажа дека треба да се внимава со нејзиното користење. 

-Вештачката интелигенција ја споредуваат со огнот.  Тој може да биде извонреден слуга, но ако ние не знаеме да го користиме и контролираме, може да ни се случи да биде многу непријатен господар. Она што најголемиот дел од светските водечки мислители во делот на вештачката интелегенција го говорат е дека светот заостанува во дефинирањето на позицијата на вештачката интелигенција во образовните процеси, редефинирањето на работните места и сето она каде тоа би се нашло, додаде Пешев.

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден