Koлку луѓе исчезнаа по уривањето на мостот во Џенова?
Објавено во: Свет 16 Август, 2018
20 луѓе уште се водат како исчезнати по уривањето на мостот во Џенова.
Оваа бројка ја соопшти главниот обвинител во Џенова, Франческо Коци.
Припадници на спасувачките екипи пребаруваат под урнатините во потрага по преживеани три дена по несреќата во која загинаа 39 луѓе.
Министерот за внатрешни работи, Матео Салвини, изјави дека е тешко да се излезе со конкретна бројка на исчезнати затоа што одреден број од оние што се пријавени од семејствата можно е да биле туристи и да се стигнати на своите дестинации, но не им се јавиле.
Портпаролката на Противпожарната служба на Џенова, Соња Ноки, вели дека спасувачката акција ќе продолжи сè додека не бидат пронајдени сите што се водат како исчезнати.