Колку може да заработи македонски студент во Германија?
Објавено во: Финансии 12 Јули, 2016 11:30
Еден македонски студент во Германија доколку работи во текот на летото може да заработи од 1100 до 1400 евра нето плата.
Ова со своето лично искуство го поткрепува 27 - годишната Елена Андриеска од Прилеп, која два пати преку лето престојувала и работела во Германија. Таа е студент во 4-та година на Економскиот факултет во Прилеп, студиска програма сметководство финансии и ревизија. Аплицирала за работа во Германија, и работела во клиника и во спа центар. Оттаму има позитивни исксутва и вели дека разликата помеѓу работата во Македонија и надвор е тоа што може да се заработи многу повеќе за истата работа. Објаснува дека за одредени работни места во Германија се бара само основно, а за други добро познавање на германскиот јазик.
„Првата година во Германија работев во комплексот Klinik Augustinum München во одделот Bettzentrale. Мојата работа и работата на моите колеги (студенти) беше да им помагаме на вработените во подготовка на болничките кревети кои и се потребни на клиниката. Втората година во Германија работев во Therme Erding најголем спа центар во светот, во објектот Wellenbad, место кое ти го одзема здивот. Мојата прва реакција кога стапнав таму беше: Дефинитивно се наоѓам во рајот!“ - раскажува Андриеска.
Таа вели дека за еден млад човек, работата во странство има низа предности, почнувајќи од добрата заработка, дружење, искуства, запознавање на нови луѓе и култури. Во текот на работата запознала луѓе од Турција, Грузија, Латвија, Полска, Италија, Бразил и други земји.
„Да, може солидно да се заработи. Доказ се се поголемиот број на македонски студенти кои летото го користат за работа во странство. Од една страна се заработуваат доволно пари за студентот некое време во Македонија да има финансиска стабилност, од друга страна: посетува многу места, се среќава со многу култури и секој ден учи по нешто ново. Ние, како студенти имаме избор како да добиеме работна дозвола за работа во странство, дали преку агенции, посредници кои посредуваат во наоѓање на работа, или преку дирекно аплицирање во Zentrale Auslands-und Fachvermittung ( ZAV). Јас најдов работа преку дирекно аплицирање кај работодавачот во соодветната фирма“ - вели Андриеска.
За своите планови за во иднина, Андриеска вели дека планира да го заврши факултетот и понатаму ќе се стреми кон успешна кариера.
С.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката






