15 Јануари, 2025
0.0306

Колку на Македонците,Србите и Хрватите им треба за да заработат милион евра

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Македонецот до првиот милион би можел да дојде после 189 години, Србинот чека 158, додека Хрватот по 80 години може да ужива во еден милион евра. По методите на лондонски Економист, кој истражувал колку години е потребно просечно домашно семејство во светот да заработи еден милион долари, Ал Џезира пресмета колку треба да се работи за милион евра во нашиот регион. Истражувањето на Економист, покажало дека на членовите на просечно семејство во САД им е потребно 20 години за да станат милионери. Интересен е податокот дека во САД има најмногу домаќинства со заработка од еден милион, во Данска пак е потребно некаде околу 30 години, слично како и во Канада и Јапонија. Во Франција, Германија и Велика Британија ви е потребно 40 години до првиот милион, а во Италија и Бразил, близу 50 години. Ал Џезира пресмета дека  просечно семејство, каде во секое  трето работат двајца членови од фамилијата, во Словенија до милион евра може да се стигне за 60 години. Просечно хрватско семејство за таа магичка бројка чека 80 години. Додека Црногорците милионот не би го дочекале ни до крајот на својот живот, бидејки за милион во оваа земја се потребни 130 години работа. За народот кој живее во Босна и Херцеговина се зборува дека има трпение, сепак 149 години се многу за да се дочека милионот. Во Србија е уште подолг периодот, 158 години. А во Македонија би се начекал и Александар Македонски. Просечно македонско семејство би требало да чека цели 189 години за еден милион. А секако не треба да се заборави и условот дека од тие плати никој ништо не треба да троши, ниту за храна, ниту пак за струја, туку да живее од воздух. Сепак ако е за утеха кога просечната плата би била мерило, тогаш просечно бугарско и турско семејство за милион евра би требало да чекаат по 250 години,а Румунците неверојатни 350.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања