Колку пари изгуби светската економија поради пандемијата?
Објавено во: Економија, Корона Вирус 28 Јуни, 2020
Глобалната економија изгубила најмалку 126 милијарди долари.
Пандемијата погодила повеќе од 55 проценти од малите и средни фирми.
Ова го покажува новото истражување на Меѓународниот трговски центар.
Меѓународната трговија опаднала во сите четири тромесечја лани, а падовите се интензивирани и во овој период на пандемија на коронавирус.
Според извештајот на центарот, кинескиот извоз во февруари оваа година потонал за околу 21 процент во однос на претходната година, пренесе Бизнис.ба.
Кина во март малку се поправи, но пандемијата почна да го погодува извозот од другите земји. Блокадите во Кина, ЕУ и САД имале најголемо влијание на меѓународната трговија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.