Колку потрошиле партиите во кампања?
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2016 12:21
Политичките партии во кампања потрошиле двапати повеќе пари отколку што имале приходи.
Вкупните приходи на сите политички партии чинат 88.314.902 денари (1.436.015 евра), а расходите биле 195.501.767 денари (3.178.890 евра), велат од „Транспарентност Македонија“. Ова се резултатите добиени од надзорот на трошењата на политичките партии во периодот од 1 до 9 декември и од анализата на вторите финансиски извештаи што политичките партии ги приложија до надлежните.
Најголем дел од трошоците политичките партии ги имале за телевизиски рекламни кампањи, митинзи, средби со граѓани и за печатење пропаганден материјал. Сепак, не е позната сумата потрошена за рекламирање на интернет.
ВМРО-ДПМНЕ се огласувала најмногу, а СДСМ иако помалку се рекламирала, платила повеќе.
Голема е разликата помеѓу вкупните приходи (294.825 евра) и расходи (1.905.898 евра) на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за живот во Македонија.
Од „Транспарентност Македонија“ сметаат дека политичките партии повеќе потрошиле од што прикажале. Сепак, тоа ќе се констатира по затворањето на изборната сметка, 30 дена по изборите, и по доставувањетo на финалните финансиски извештаи.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




