Колку пратки изгубиле лани од „Македонски пошти“?
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2018 06:52
Граѓаните забележале дека дел од пратките пратени
по пошта се случува да доцнат, а понекогаш пратката воопшто не стига на
наведената адреса.
Сите имаат различни искуства за обични, но и препорачани пратки.
„Во последниве неколку години во повеќе наврати имав потреба да праќам, но и да добивам писма, пратки преку пошта. Она што забележав е дека за одредени градови, пратките стигнуваат многу брзо, а за други населени места патуваат со денови. На пример, ми се случи до Струга за ден и пол да стигне писмо, и тоа беше многу брзо, за што дури без изненадена, до Гостивар и Струмица да стигне писмо за три дена, и две практи до Скопје да се изгубат. За четири дена ми стигна пратка во Свети Николе, и за исто толку време писмо беше доставено во еден главен град на соседна држава, иако се работи за различна далечина“ - вели корисничка на услугите на „Македонски пошти“.
Минатата година „Македонски пошти“ изгубиле стотина пратки кои биле испратени во земјава и надвор од неа, а дел од нив биле оштетени или задоцниле, тврдат од пошти.
„Од вкупниот обем на поштенски пратки во внатрешниот поштенски сообраќај обезбеден преку АД „Македонска пошта“ – Скопје како давател на универзална поштенска услуга за целата територија на Република Македонија, кој за 2017 година изнесува приближно 35 милиони, има поднесено 1405 рекламации за пратки од внатрешен сообраќај што изразено во проценти изнесува 0,004 %. Од овој број на поднесени рекламации оправдани се само 83, што значи дека само 83 пратки се изгубени, оштетени или задоцнети. Од вкупниот обем на поштенски пратки во меѓународниот поштенски сообраќај обезбеден преку АД „Македонска пошта“ – Скопје како давател на универзална поштенска услуга за целата територија на Република Македонија, кој за 2017 година изнесува приближно 3.2 милиони, има поднесено 635 рекламации за пратки од меѓународен сообраќај што изразено во проценти изнесува 0,019 %. Од овој број на поднесени рекламации оправдани се 48, што значи дека само 48 пратки се изгубени, оштетени или задоцнети“ - велат од „Македонски пошти“.
Оттаму додаваат дека АД „Македонска пошта“ – Скопје, презема одговорност во случај на губење, оштетување и задоцнето врачување согласно Законот за поштенските услуги и останатите подзаконски и нормативните акти на друштво.
„Преносот на поштенските пратки помеѓу Главниот поштенски центар и градовите се одвива редовно согласно важечки Ред за превоз и рокови за пренос предвидени во Законот за поштенските услуги. Им стоиме на располагање на корисниците на поштенски услуги да ни се обратат со конкретни податоци односно за кои пратки и за кои населени места се работи, како би можеле да преземеме мерки во наша надлежност“ - додаваат од „Македонски пошти“.
Граѓаните доколку испратат препорачана пратка, тогаш можат и електронски да следат до каде е доставата.
Сања Атанасовска
фото Pixsell
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




