Колку трошела ЕЛЕМ за 5 години на само 5 фирми за ископи?
Објавено во: Економија 26 Септември, 2017
Директорот на ЕЛЕМЕ, Драги Миновски, откри нови детали за работата на претходното раководство, особено за периодот од 2012 до 2017 година кога биле потрошени 212 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј што било значително повеќе во однос на претходните периоди.
За оваа намена биле ангажирани надворешни фирми, од кои исто така била изнајмувана и опрема, со оглед на тоа што ЕЛЕМ не поседува соодветна механизација. За ископ во РЕК Битола биле ангажирани само пет компании: Трансмет, Силекс Неметали, Пелистер, Гранит и Марковски Компани. Првите две фирми, Трансмет и Силекс Неметали се дел од случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој се сомничат дека со фалсификувани документи добиле тендер во ЕЛЕМ токму за ископ на јаловина.
„Овде може да направиме споредба за исто така еден друг шестгодишен период, од 2000 до 2005 година. Тогаш за ископ на јаглен и јаловина и за користење на надворешна механизација биле платени 38 милиони евра. Значи очигледна е разликата од 38 милиони евра во периодот претходно и 212 милиони евра. Пет пати повеќе од периодот 2000 – 2005 година.“ – изјави Драги Миновски, генерален директор на АД ЕЛЕМ
Затоа новото раководство на ЕЛЕМ најавува дека ќе набави сопствени машини со цел да ги намали трошоците. Набавката ќе биде во вредност од 64 милиони евра, а актуелното раководство очекува тоа да ја намали цената на струјата.За се што е сработено досега ќе биде извршена темелна ревизија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.