19 Декември, 2025
0.0399

КОЛКУ ВЕ „ИЗБРИЧИЈА“ ЗА КЛИМА? Освен во Грција, никаде во Европа не се плаќа за клима и тоа 9/10 евра од ден!

Објавено во: Финансии 08 Август, 2023 07:00

Добивај вести на Viber

Што мислите за дополнително плаќање за климатизација на лице место? Дали претпочитате користењето на клима уредот да е вклучено во цената или да имате можност да доплатите на лице место доколку сакате да го користите?

Ова прашање беше поставено на Фејсбук групата во живо од Грција и како и секогаш кога се покренува оваа тема, наиде на големо внимание. Мнозинството се согласи дека во 21 век доплатата за клима е иста како доплата за вода или интернет, а исто така беше заклучено дека оваа практика е специфична за грчките изнајмувачи на станови, додека во остатокот од Европа и светот речиси не постои.

Интересно е што доплатата за клима варира од месец до месец. Значи во јуни или е бесплатно, или плаќаш нешто ситно, а како што се движиме кон шпицот на сезоната, доплатата се зголемува на пет, па и 9 евра дневно, за повторно да се намали на крајот на сезоната, околу Септември, а понекогаш дури и не наплатуваат.

- Најдобро е ако е вклучено во цената, но и сопственикот да ја ограничи употребата, да објасни колку и како да користи и да плати за секој вишок - рече еден член на групата, но со сарказам.

Други пак сметаат дека ова е чист грабеж некој да земе 1.000 евра за сместување, а потоа да брка дополнителни 50 за клима.

- Па што е следно? Доплата за паркирање? Доплата за скали? Доплата за топла вода? Доплата за фрижидерот? Доплата за крпи? Доплата за завеси? Доплата за доплата? - се пошегува еден член.

Еден сопственик на стан ја објасни дилемата од негова перспектива.

- Агенциите генерално бараат пониска цена за изнајмување доколку не се користи клима, па на гостите на агенцијата им наплаќаме посебно. Климата е вклучена во цената за нашите гости, а во јуни и септември, бидејќи ноќите се посвежи, ги прашуваме дали сакаат, а ако не сакаат ја намалуваме за 5 евра дневно - вели сопственик на стан во Грција.

Генерално, повеќето мислат дека е нормално да се има можност да се користи климата, како и за се друго како шпорет, фрижидер, машина за перење, па кој сака нека користи.

- Па, нема да им наплатат не знам колку за 10 дена. Ако веќе издаваат сместување, тоа треба да биде сосема нормално и да се земе здраво за готово. Секако без доплата за нешто што е нормално - вели член на групата.

На овој став се надоврза и друг сопственик на стан.

- Се согласувам, кај нас користењето на клима е вклучено во цената, само гостите треба да ги држат затворени прозорците и вратите кога работи климата, како што прават дома - рече тој.

Многумина се жалат дека климата дополнително се наплаќа веднаш по пристигнувањето.

-Кога доплаќам за клима, одма ми ги наплатуваат сите десет дена. Што се случува кога три од тие десет дена се ладни и не ви треба клима. Освен во Грција, никаде во Европа не сум видел некој да наплаќа клима. Климата треба да биде бонус за изборот на тој стан, а не луксуз што треба да се плати, како тој лично да дојде да ме разлади со вентилатор - заклучува еден член.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми