Koлку време ќе дејствува вакцината против коронавирусот?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 29 Јули, 2020
Шефицата на работната група на британската Влада за пронаоѓање вакцина, Кејт Бингам вели дека вакцините, кои се развиваат против коронавирусот, нема да бидат лек и ќе имаат дејство најмногу една година.
Таа во интервју за „Фајненшал тајмс“ вели дека универзален лек нема да има, иако луѓето очекуваат таков.
Шефицата на работната група нагласи дека „ќе биде неопходна годишна вакцинација“.
„Во моментов се обидуваме да ги намалиме барем ризиците од оваа болест, да спасиме животи“, додаде таа.
Претпоставките на Бингам, се темалт на голем број медицински истражувања, кои покажуваат дека кај пациенти кои страдале од коронавирус нивото на антитела драстично се намалува по неколку недели, ослабнувајќи го развиениот имунитет.
Шефицата за здравство на ЕУ, Стела Кириакидес изрази загриженост поради порастот на бројот на заразени лица со коронавирус во неколку европски земји.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.