Колку време трае имунитетот на коронавирусот?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Јули, 2020
Имунитетот на Ковид -19 најверојатно трае само неколку месеци.
Ново истражување на лица кои се заразиле и одздравеле од коронавирусот дава показатели дека имунитетот на вирусот е краткотраен, објави „Би-Би-Си“.
Научниците од лондонскиот Колеџ „Кинг“ проучувале како телото природно се бори против вирусот, создавајќи антитела и колку долго тие остануваат во организмот по оздравувањето.
Скоро сите 96 луѓе во студијата, по оздравувањето имале доволно антитела што можат да го неутрализираат и да го запрат коронавирусот, но нивното ниво континуирано опаѓало во текот на тримесечната студија.
Се’ уште е непознато дали ваквиот пад на антителата не прави повторно подложни на вирусот. Слични вакви краткотрајни одговори може да се забележат ипри други вируси како при обичната настинка – со што постои можност повторно да се реинфицира со вирусот.
Меѓутоа, дури и ако оздравените се без доволно антитела, тоа не мора значи дека немаат имунитет.
Антителата не се единствената можност за заштита, затоа што како што објаснија човечките тела можат да произведат Т-клетки за да се одбранат од напаѓачите.
За подобро разбирање сепак се потребни подолги студии за да се истражи што би можело да се случи кога луѓето повторно ќе дојдат во контакт со вирусот по втор или трет пат – дали би се инфицирале повторно или нивните тела сепак се подготвени да се изборат.
Во светот има над 13 милиони инфицирани од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.