21 Септември, 2024
0.0275

Колку заработуваат елитните проститутки во Бугарија?

Објавено во: Балкан 04 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Елитните проститутки во големите летувалишта на Бугарија заработуваат и до 3. 000 евра неделно, додека пак нивните поскромни колешки, кои се среќаваат со туристите покрај брегот, заработуваат до 400 евра. Според бугарскиот весник „Труд“ ова се заработките за месец јули, а за август се смета оваа бројка да биде дуплирана.

За Германците и Англичаните, Бугарија го поседува имиџот на секс дестинација, која располага со убави девојки, кои нудат секс услуги за цени пониски од Италија, Шпанија и Грција.

Најстариот занает во светот го работат над 20. 000 Бугарки а половината од две третини работат во странство. Тие главно работат во Западна Европа, но голем е бројот и на „гастербајтерки“ во Грција и Кипар, каде заработката достигнува до 40.000 евра месечно, но имаат и поголеми трошоци, наведува „Труд“.

Ова се податоците добиени од Центарот за проучување на демократијата (ЦИД), кој во јуни спроведе истражување за трговијата со луѓе со цел сексуална експлоатација.

Според извештајот, пазарот на секс услуги на три дела. На најдолното ниво се проститутките, кои работат на отворено - на паркинзи, гранични премини и мотели, на познати собиралишта во големите градови, кај железнички и автобуски станици, зафрлени патишта и слично. Тие можат да имаат од седум до 20 клиенти дневно, а тарифите им се од седум до 15 евра во зависност од видот на услугата. На Запад оваа услуга чини од 30 до 50 евра.

На второто ниво се проститутките кои работат во затворен простор, односно во бордели и клубови за масажи, изнајмуваат станови или соби во евтини хотели и хостели, работат во еротски клубови „со консумација". Во истата категорија се и девојките кои се „на повик" на адреса. Овие девојки опслужуваат од двајца до шестмина клиенти на ден и цените кај нив почнуваат од 30 до 50 евра за сеанса и стигнуваат до 200 евра ако бидат ангажирани за цела ноќ. Цените им се поблиски до оние на нивните колешки во Западна Европа.

На третото ниво се елитните проститутки. Според истражувањето на ЦИД, тука спаѓаат модни и рекламните агенции, фирми од естрадата и забавата. Тука, цените се по договор и понекогаш можат да стигнат до 500 евра зa сеанса, а на Запад - и до 3000 евра.
До пред неколку години пазарот на проституција во Бугарија беше контролиран исклучиво од организираниот криминал, а сега е децентрализиран. Под контрола на мафијата останаа само одмаралиштата, како и голем дел од шверцот во странство.

Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МИНИСТЕР СО ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ: Две јајца, тоа се 22 динари и цел ден ќе бидете сити

СРПСКИ МИНИСТЕР СО ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ: Две јајца, тоа се 22 динари и цел ден ќе бидете сити

НИКОЛОСКИ ГО НАЛУТИ БОРИСОВ: „Очигледно не треба да се остваруваат пријателски средби со овие луѓе, дури и за опера“

НИКОЛОСКИ ГО НАЛУТИ БОРИСОВ: „Очигледно не треба да се остваруваат пријателски средби со овие луѓе, дури и за опера“

ПОЗНАТА КОНДИТОРСКА КОМПАНИЈА ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНИ БИСКВИТИ ВО СРБИЈА: нивните производи ги има и кај нас

ПОЗНАТА КОНДИТОРСКА КОМПАНИЈА ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНИ БИСКВИТИ ВО СРБИЈА: нивните производи ги има и кај нас

ИСКЛУЧИТЕЛЕН ПРОСТОРЕН, ФУНКЦИОНАЛЕН И ИНЕСТИЦИСКИ РЕСУРС ВО ГРАДОТ: Мини град се гради во Белград

ИСКЛУЧИТЕЛЕН ПРОСТОРЕН, ФУНКЦИОНАЛЕН И ИНЕСТИЦИСКИ РЕСУРС ВО ГРАДОТ: Мини град се гради во Белград

ЕВЕ ШТО Е АКТУЕЛНО НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНИНИ: Оваа дестинација на Балканот, има сè

ЕВЕ ШТО Е АКТУЕЛНО НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНИНИ: Оваа дестинација на Балканот, има сè

ВУЧИЌ ПРЕТСТАВЕН КАКО ЛИК ОД ЦРТАН ФИЛМ: Се фали што направил во Србија

ВУЧИЌ ПРЕТСТАВЕН КАКО ЛИК ОД ЦРТАН ФИЛМ: Се фали што направил во Србија

КОСОВО СЕ ВООРУЖУВА: За три години потрошиле 250 милиони евра

КОСОВО СЕ ВООРУЖУВА: За три години потрошиле 250 милиони евра

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

ЕВЕ КОИ ПРЕКРШОЦИ ГИ ЕВИДЕНТИРААТ СООБРАЌАЈНИТЕ КАМЕРИ: Ако ве закачи камерата во Белград, ова се казните што ќе мора да ги платите

ЕВЕ КОИ ПРЕКРШОЦИ ГИ ЕВИДЕНТИРААТ СООБРАЌАЈНИТЕ КАМЕРИ: Ако ве закачи камерата во Белград, ова се казните што ќе мора да ги платите