Ексклузивно: Комерцијална банка ја купи Тиранската банка
Објавено во: Финансии 08 Август, 2018 09:42
Македонската „Комерцијална банка“ и албанската компанија „Балфин груп“ ја преземаат Тирана банк. Договорот за купопродажба на сите акции веќе е потпишан, а според соопштението од Балфин груп, мнозинството акции ќе го има оваа фирма.Досега сопственик на капиталот беше грчката Пираеус
Балфин и Комерцијална банка имаат долга историја на соработка во Македонија, а ова е прво заедничко работење во Албанија.
„Балфин и Комерцијална банка планираат да ракуваат со банката преку професионалци кој ќе ги води меѓународен борд и банката ќе продолжи да ги проширува банкарските активности во Албанија. Тиранската банка отсекогаш била носител на финансискиот развој на Албанија, таа беше првата приватна банка која се појави на локалниот пазар. Со одлична репутација и персонал, Тирана банка е една од најдобрите банки во Албанија“, стои во соопштението од Балфин груп.
Балфин груп е една од најголемите компании на Балканот, а воинвестициското шпортфолио се сите земји од регионот,односно Албанија, Косово, Макеоднија, БиХ, Црна Гора, но и Австрија и Велика Британија.
Комерцијална банка е водечка банка во Македонија, но една од најголемите во Југоисточна Еврoпа.
Инаку Балфин груп е новиот сопственик на земјиштото кај Скопски саем во Скопје. Првично оваа фирма го изгради и Сити мол, но го продаде во 2016 година.
А.Т.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





