КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СЀ ПОВЕЌЕ БАРАНА - платени 130 илјади евра во блок со 454 акции
Објавено во: Финансии 21 Мај, 2024 12:49
Сто и триесет илјади евра за 454 акции. Толку платил некој инвеститор вчера преку берзанска блоктрансакција, за да се стекне со овој акционерски пакет на најголемата банка во земјава, Комерцијална банка.
Според берзанската објава, овие 454 акции на Комерцијална банка, кои се продадени во еден наврат на еден познат купувач, се платени по цена од 17.600 денари а акција. Тоа е нешто повисока цена од онаа по која вчера просечно се тргувало со акциите на оваа наша успешна банка, а која изнесувала 17.574 денари за акција и кога биле истргувани 390 акции
Со оглед на вкупниот број акции кои ги има издадено оваа банка, излегува дека продадениот пакет акции е многу мал и изнесува само 0,02 отсто, и за него се платени 129 илјади евра.
Пред околу еден месец, и Комерцијална банка, но и Стопанска банка Битола, и тоа во исти ден, обзнанија дека стартува процедурата за евентуално присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка. Како што и најавија, од Комерцијална банка ја почнуваат постапката за длабинска анализа, од која ќе стане навистина јасно дали ќе се оствари присоединувањето кон нив на Стопанска банка Битола. „По завршување на постапката на длабинска анализа, Комерцијална банка АД Скопје ќе донесе одлука дали да продолжи постапката со изразување на намера за склучување на трансакцијата на присоединување, за што јавноста ќе биде известена“, се вели во објавата која преку берзата ја сподели со инвеститорската јавност Комерцијална банка. Двете банки пред подолг период, односно во септември минатата година, ја најавија намерата за присоединување, и токму беше планирано дека тоа ќе се случи по објавувањето на годишните сметки на двете банкарски институции. Наскоро ќе бидат познати многу повеќе детали околу можното спојување на двете банки, за кои наши извори своевремено кажаа дека Стопанска банка Битола би се припоила кон Комерцијална банка. Доколку до спојувањето дојде, ќе се формира една навистина голема банка. Комерцијалкна банка и сега е најголема банка во земјава со актива од над 2,5 милијарди евра. Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





