05 Декември, 2025
0.0474

Комерцијална банка со загуба од 401,5 милиони денари (6, 5 милиони евра) во првите шест месеци

Објавено во: Финансии 30 Јули, 2013 17:06

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка АД Скопје, во првите шест месеци од годинава, остварила негативен финансиски резултат во износ од 401,5 милиони денари, покажуваат неревидираните баланси кои ги објави Банката. Негативниот финансиски резултат е остварен во услови на неповолна економска состојба која влијае на натамошно влошување на кредитното портфолио и дополнителна исправка на вредноста на финансиските средства која е двојно поголема во однос на истиот период лани.

Иако остварената добивка пред исправка на вредност, бележи зголемување од 5,7% во однос на истиот период минатата година, таа не е доволна за покривање на споменатата исправка на вредност на финансиските средства.

Остварените нето приходи од камати бележат пораст од 3,2% во однос на остварените нето приходи во истиот период лани, и покрај намалените каматни стапки почнувајќи од 01.02.2013 година. Планираните нето приходи од камата заклучно со 30.06.2013 година се остварени со 87,7%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на крајот од првото полугодие изнесуваат 438,6 милиони денари и во однос на истиот период лани бележат минимално зголемување од 0,2%, со што Планот за истиот период е реализиран со 91,3%. Ваквата динамика на нето-приходите од провизии и надоместоци е резултат на значително намалување на обемот на гаранциското и акредитивното работење.

Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 37,5 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат намалување од 21,5%, со што Планот за истиот период е остварен со 107,8%.

Останатите приходи од работењето на Банката за првите шест месеци изнесуваат 139,6 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 13,1%, главно како резултат на повеќе остварени нето добивки од средствата расположливи за продажба и приходи од девизно работење (арбитражи).

Оперативните расходи на Банката изнесуваат -939,9 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,0% како резултат на зголемени трошоци за вработените и зголемени останати расходи од дејноста, при што, планот за првото полугодие е остварен со 99,8%. Порастот на останатите расходи од дејноста за 4,4% главно е резултат на зголемени премии за осигурување на депозитите за 6,4% согласно континуираниот пораст на депозитите на нефинансискиот сектор, како и поради пораст на расходите од девизно работење.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа достигна износ од -69,6 милион денари и во однос на истиот период минатата година бележи намалување од 24,2%. Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на крајот од јуни достигна износ од -1.459,9 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележи зголемување од 105,4%, како резултат на влошување на состојбата кај стопанските субјекти и влошено кредитно портфолио на Банката. Исправката на вредност не значи дефинитивна загуба поради оштетување на споменатите пласмани, при што, доколку се подобрат состојбите со клиентите и делумно, или целосно се наплатат побарувањата, ќе дојде до корекција, односно ослободување на исправката на вредност. Ова би имало соодветен одраз и на финансискиот резултат на банката.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката