29 Јуни, 2024
0.0285

КОМИТАТА КОСТОВСКИ СО ДАРДИШТА - Фотографија која бранува на Фејсбук, еве што има да каже градоначалникот на Бутел

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

По острите реакции кои се појавија деновиве во однос на несобраниот отпад од скопските улици и одлуката на градоначалниците на општина Бутел и општина Кисела Вода, Дарко Костовски и Орце Ѓорѓиевски да го исфрлат сметот кој го собрале пред депонијата Дрисла, денеска нови препукувања, но овој пар проследени под превезот на анонимност и преку социјалните мрежи. 

Во групата „Ѕид на политичкиот срам“ осамна фотогафија од градоначалникот на Бутел, на која се посочува дека Дарко седи на маса со челенови на семејството Дардиша. 

- Комитата од Али експрес ДАРКО КОСТОВСКИ сликан со учките Дардишта што го блокираа Комунално. Дардишта е клан на Учки ухлебан во сите општини.

А Дарко е братучед на инфлуенсерот ОРЦЕ од Кисела вода. Патриотите од ДПМНЕ удружени со УЧК - се наведува во објавата која ја постира „Трета опција“, а истата може да ја видите и самите. 


Фотографијата се шерува и во други групи и низ други социјални мрежи, а тоа беше повод да реагира и самиот градоначалник Костовски. Тој на својот официјален Фејсбук профил напиша дека градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска шири лажни вести за него, алудирајќи на тоа дека фотографијата е направена на средби со граѓани на општината. 

Изгубениот случај Данела ги пушти несвесните пиони да шират лажни вести.

Гледам дека некои изгубени случаи, платени за тоа, со дебели хонорари се обиднуваат да инсинуираат, подметнуваат и да шират лаги од редовни мои средби со граѓани на Бутел.

Нема да зборувам за мотивите на таквите лаги дека наводно јас, а претходно претседателот Мицкоски седел позади некое чаирско семејство вработено пред 15тина години во Комунална хигиена, нема да зборувам ниту за нивото на лаги присутно на оваа седница на советот на град Скопје, само ќе кажам доста демагогија, од градоначалничката побегуља, излезете и соберете си го ѓубрето, работете си ја работата.

И не се двоумете, јас секогаш ќе бидам со бутелчани, заедно со народот и во секоја нивна мака и барање.

Ниту една конструкција нема да го занемари фактот дека Данела ќе остане убедливо најлошиот градоначалник на Скопје, дури многу полоша и од Шилегов што е просто неверојатно.

Психолошки помалку стабилната личност пред извесно време во Бутел доби црвен картон, зошто не размисли дека два ќе и бидат премногу - напиша Костовски на неговиот Фејсук профил. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност