15 Јануари, 2025
0.0300

Комората додели 27 признанија на компании кои инвестирале дома и 8 кои инестирале во странство

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

На компаниите кои инвестирале во време на криза и дома и во странство Стопанската комора на Македонија, денес им додели благодарници. -Вие покажавте капацитет да го креирате и реализирате својот економски и конкурентен имиџ, справувајќи се со сите предизвици на глобалната економска криза. Успеавте да ја задржите самодовербата, втемелена во сопствените ресурси и со примена на различни стратегии да ја остварите својата визија во борба за повисока конкуретност на либерализираниот пазар, со што го одржавте оптимизмот во бизнис-заедницата“, истакна претседателот на СКМ, Бранко Азески. Меѓу најхрабрите компании кои инвестирале дома во криза се прогласени Бучим од Радовиш, винарницата Стоби,Феро Инвест од Скопје, Градско, Мега Солар од Скопје, Текома од Штип, ЕЛЕМ - Скопје, Арчелормитал - Скопје, Скопски легури - Скопје, Џонсон Мети - Скопје, ИГМ Трејд - Кавадарци, Пекабеско - Скопје, Випро - Гевгелија, Алаијанс Уан Македонија - Кавадарци, Сокотаб - Битола, Везе Шари- Желино, Магпрогрес - Виница, Римес - Скопје, Млекара Здравје Радово, Рима-Стил - Скопје, Микросам - Прилеп, Агрометал - Скопје, Раде Кончар - Скопје, Стил Кон - Куманово, Алкалоид - Скопје и ДПТУ Хемија-комерц - Велес. Николајчо Николов од „Бучим“ најави нови 35 милиони евра инвестиции, дециден е дека кризите може да се пребродат со добро менаџирање. - Изминатата иако беше карактеризирана како кризна година ја завршивме успешно. Првпат почнавме производство на катоден бакар и го извезовме, направивме рекордни ископи на рудна маса. Но, имаме амбициозни планови и за наредните 12 месеци, истакна Николов. Наградени за нови погони отворени во странство се Алкалоид - Скопје, Ренова - Тетово, Урбан инвест од Кавадарци, Адинг Скопје, Бријант од Штип, Промес - Скопје, Дасто - Скопје и Брако од Велес. - Во изминатите пет години отворивме фирми во Русија, каде што има 70 вработени, во Украина каде што има 40 и во Словенија со 30 вработени, изјави директорот на „Алкалоид“, Живко Мукаетов .  

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања