15 Мај, 2024
0.0249

КОМПАНИИ ШТО „ЗЛАТО“ ВРЕДАТ - кој телекомуникациски гигант стигна до 550 милиони евра, а колку тежат големите банки

Објавено во: Финансии 14 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Македонските најмоќни фирми, чии акции се најмногу купувани и продавани на Македонската берза, вредат многу пари. Така барем говори берзанскиот билтен, во кој, меѓу другото, се наведени податоците за пазарната капитализација на компаниите. Тоа, пак, всушност означува колку пари би се зеле за компанијата, доколку сите нејзини акции се продадат во исти момент.

Највредна компнија што котира на Македонската берза е Македонски телеком, чија пазарна капитализација на крајот на ноември годинава изнесувала над половина милијарда евра, или прецизно 545,4 милиони евра. Толку би требало да плати некој ако хипотетички би сакал да купи 100 отсто од акциите на компанијата одеднаш, односно во текот на еден ден.

Втора по вредност односно по пазарна капитализација е нашата најголема банка во земјава, Комерцијална банка. Нејзината пазарна капитализација во ноември изнесува 410,8 милиони евра, со што банката со која раководи Хари Костов е на втората позиција од сите котирани компании.

Со одлична пазарна капитализација е и нашиот фармацевтски гигант „Алкалоид“, компанија која доколку нејзините сите акции би се продале одеднаш во текот на ноември, би вредела само нешто малку помалку од 400 милиони евра, или прецизно 396 милиони евра.

Четвртата позиција е резервирана за втората домашна најголема банка, односно Стопанска банка Скопје, која доколку доживее продажба на сите нејзини акции одеднаш, за нив би се платиле 383,6 милиони евра.

На петто место е третата по големина банка во земјава, НЛБ Банка, чија пазарна капитализација на крајот на ноември изнеувала 316,6 милиони евра, пари кои би се добиле за сите акции одеднаш.

Следуваат Цементарница УСЈЕ со пазарна капитализација од 265,8 милиони евра, потоа нафтениот дистрибутер „Макпетрол“, чија пазарна капитализација блила 121 милиони евра, потоа „Гранит“ со 68 милиони евра, и „Макстил“ со над 28 милиони евра пазарна капитализација.

Додека, пак, сите останати котирани компании, во ноември имале пазарна капитализација од 734 милиони евра.

Пазарната капитализација на сите котирании компании заедно изнесува 3,3 милијарди евра, што е за само за 1,8 отсто помалку од претходниот месец.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи