Добивај вести на Viber
FTSE групата неодамна објави дека во јуни 2013 година e потврдено дека Nestlé ќе се најде на листата FTSE4Good индекс.
Станува збор за индексот на одговорно вложување на FTSE групата, кој го мери придонесот на компаниите што работат во согласност со стандардите на глобална корпоративна одговорност. Присуството на Nestlé на FTSE4Good листата се темели на исполнувањето на строгите критериуми кои се однесуваат на еколошката одржливост, човечките права, работните норми во синџирот на снабдување, борбата против корупцијата и климатските промени, како и одговорното промовирање на производи што се категоризирани како замена за мајчино млеко.
Последниот критериум за компанијата е од исклучително значење со оглед на тоа дека Nestlé е прв, и засега единствен производител на млечни формули (замена за мајчино млеко) во светот кој е вклучен во овој индекс на одговорно вложување.