Комуналните служби во Бугарија заинтересирани за возилата Грин Машинс на БРАКО
Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2022 12:44
Комуналните служби од повеќе општини во Бугарија покажаа голем интерес за возилата за одржување комунална хигиена на БРАКО, изложени на саемот „Општинско Експо 2022“, кој се одржа во градот Албена.
БРАКО ги изложи двата најпродавани модели на Грин Машинс - електричните модели GM400ze и GM500ze, за кои присутните оценија дека се исклучително модерни и ефикасни возила за одржување на хигиена во урбани средини.

Покрај квалитетот, обезбедениот сервис и поволните цени, како важна предност пред другите понудувачи посетителите го сметаа и тоа што БРАКО го гарантира рокот на испорака на нарачаните возила, што во услови на актуелната криза е нешто што многу понудувачи не можат да го гарантираат од различни причини.

На „Општинското Експо 2022“ изложуваа 40-ина компании кои презентираа интегрирани и иновативни решенија во областа на јавните работи и урбаната инфраструктура, екологијата и енергетската ефикасност, комуникациите, размената на податоци и развој на софтверски решенија.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




