Концесионерот на „Чебрен“ ќе плаќа „ситно“ за користење на водата

Објавено во: Економија 19 Септември, 2023 12:02
Грчката фирма ППЦ – Архиродон, која со одлука на Владата е избрана за иден доминантен стопанственик на хидросистемот „Чебрен“, за добиената концесијата за користење на водата на Црна Река ќе плаќа само еден отсто годишно од продадената електрична енергија, при што во овој приход нема да се сметаат трошоците за струја за работењето на пумпите.
„Годишниот надоместок за концесија за вода утврден согласно Одлуката за утврдување на начинот на определувањето на висината на еднократниот и годишниот надоместок за концесија за користење на вода, изнесува 1 отсто од остварената просечна цена на произведената електрична енергија за секој произведен киловат час, намалена за потрошената електрична енергија во пумпен режим на работа, во секоја година на користење“, пишува во одлуката на Владата за избор на најповолна понуда за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, објавена во Службен весник.
Грубо пресметано, концесијата што ќе ја плаќа ППЦ-Архиродон како доминантен сопственик во акционерското друштво кое во иднина ќе стопанисува со хидроцентралата заедно со АД ЕСМ, надоместокот годишно по денешни пазарни услови, би изнесувал само околу еден милион евра за државниот буџет и локалните власти.
Веќе е познато дека електричната енергија произведена од „Чебрен“ ќе се продава на слободниот пазар. Според претходна пресметка на експертите, од овој систем годишно би се продавале 1.200.000 мегаватчасови електрична енергија. Доколку се претпостави дека струјата ќе се продава по 100 евра од мегаватчас, тоа значи дека концесионерот годишно би плаќал 1,2 милиони евра и тоа ако тука не се смета трошокот за електрична енергија за пумпите што ќе ја враќаат назад водата заради балансирање.
Бидејќи моќноста на „Чебрен“ (333 мегавати според објавената владина одлука) е над 100 вати, концесионерот ќе плаќа само 1 отсто од приходите (минус трошоците за работа на пумпите). Помалите и средните хидроцентрали по правило треба годишно да уплатат 2, односно 1,5 проценти од продадената струја. „Чебрен“ како голема хидроцентрала е ослободен и од плаќање на еднократен почетен надоместок за добивање на концесијата.
Доколку се изгради хидроелектраната Чебрен, таа треба да произведува струја речиси колку што произведуваат другите хидроцентрали во земјава заедно. Македонија сега користи само една четвртина од својот хидропотенцијал за производство на струја. Со инвестиции во оваа централа, Македонија, која е зависна од увоз на струја, може да обезбеди релативно достапна струја во наредните децении.
-Со оваа одлука се овозможува реализација на еден од најголемите и најважните енергетски проекти во Република Северна Македонија. Проценетата вредност на инвестицијата е околу 1 милијарда евра со која е предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала Чебрен, со инсталиран капацитет од најмалку 333 MW. ХЦ Чебрен е предвидено да има функција на производство на електрична енергија, како и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна Река предвидено е создавање ново вештачко езеро, кое ќе биде најголемо во нашата држава. По завршување на проектирањето, и обезбедувањето на потребните документи се очекува да се почне со градба која е предвидена да трае 7 години, соопшти Владата минатата недела.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
АТЕНТАТ НА АЈАТОЛАХОТ ХАМНЕИ ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА ВОЈНАТА ИРАН-ИЗРАЕЛ: Нетанјаху не ја исклучува можноста за ликвидација на верскиот лидер

КАКО ИРАН БИ МОЖЕЛ ДА ЈА „ПОТОПИ“ СВЕТСКAТА ЕКОНОМИЈА: Ова е неговото најсилно оружје!

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАСИИ ЌЕ ИСПРАТИ ПИСМА ДО БАНКИТЕ ЗА ДА ГО ФИНАСИРААТ КОРИДОРОТ 10: До 30 јуни ќе треба да се достават понудите

ТРАМПТЕЛ – НОВА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА КОМПАНИЈА? Американскиот претседател има сериозни планови

Дигитална бизнис платформа „One stop digital“ за микро, мали и средни претпријатија и работна средба со Царинската управа на РСМ

Луке Галески од партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ стана член на Надзорниот одбор на операторот на платен систем КИБС

„НА ГОРИВАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА ИМАМЕ АПСОЛУТНО НИКАКВО ВЛИЈАНИЕ“: Министерката за финансии вели дека ја следат состојбата

(ФОТО) За прв пат осамнаа фотографии од најскапата грчка резиденција

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: За денар и половина поскапуваат бензинот и дизелот
