15 Декември, 2025
0.0394

Конечно – на мобилен и во авион

Објавено во: Мои пари 26 Август, 2014 19:03

Добивај вести на Viber

Патниците на Qantas и Virgin Australia веќе можат да ги користат своите мобилни телефони и други електронски уреди за време на летот. Новото правило важи како за меѓународните, така и за внатрешни линии по кои летаат двете австралиски авиокомпании. Одлуката се однесува за користење на таблетите, електронските читачи, малите конзоли, како и паметните телефони. Досега на патниците им се наложуваше да ги исклучуваат овие уреди за време на летовите од безбедносни причини. CASA, органот надлежен за безбедноста за време на граѓански летови, објави дека го одобрува барањето на двете австралиски авиокомпании. Авионите кои се произведуваат во моментов, се создаваат така што паметните телефони и другите електронски уреди не им пречат на летовите. Новото правило значи дека патниците можат да продолжат да играат игри или да пишуваат пораки на нивните мобилни телефони за време на полетување и слетување. Поголеми уреди како лаптопи, сепак, ќе треба да бидат исклучени поради ризик од турбуленции, наведува портпаролот на CASA Питер Гибсон. "Промената значи дека патниците ќе имаат право да зборуваат по телефон од Гејт до Гејт", додава тој. "Но, во одреден момент екипажот може да замоли патниците да ги остават електронските уреди на режим за летови, најверојатно пред да почне да зборува за правилата за безбедност". Кога смартфонот ќе биде поставен во режим на лет, носителот веќе не може да испраќа текстуални пораки и да се јавува. Според зборовите на Гибсон следниот чекор за двете австралиски авиокомпании ќе биде да поднесат технологија која ќе овозможи користење на интернет и гласовни повици за време на лет. Сателитските телефонски врски во авионите се дозволени многу години, но се скапи. Поновите технологии можат да ги направат разговорите многу подостапни и да дозволат поврзување со интернет. Ниту Qantas ниту Virgin сепак имаат направено слични инвестиции досега. "Истражување со оваа технологија се направени од Qantas со лет меѓу Сиднеј и Мелбурн", открива Гибсон. Според неговите зборови, тоа бара многу трошоци и самите компании треба да проценат дали можат да ги обноват потоа. Од своја страна, CASA тврди дека други авиокомпании се исто така склони да го следат примерот на австралиските и аплицираат за дозвола патниците да користат некои електронски уреди за време на летови. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“