23 Ноември, 2024
0.0431

Конференција на МАСИТ: Прилагодувањето, прифаќањето и учењето на ВИ се клучни за новото време

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Водечки професионалци, министри и претставници на повеќе организации, присуствуваат на овогодинешната конференција на МАСИТ и активно дискутираат за дигиталната иднина и улогата на вештачката интелигенција (АИ) во неа.

-Конференцијата се одржува во клучен момент, кога дигиталната трансформација стана приоритет за голем број индустрии, а потребата од нови вештини и технологија е во подем, оценија учесниците на 19.Конференција на МАСИТ.

Анета Пешева: „Вештачката интелигенција ќе ја редефинира работната сила“

Анета Пешева, водечки експерт и претседателка Собранието на МАСИТ, истакна дека технологијата брзо ги менува сите сфери на животот, а АИ ќе биде двигател на најголемите промени, особено во следните 5 до 10 години. Според неа, финансиските институции, како „Голдман Сакс,“ проценуваат дека повеќе од 300 милиони луѓе би можеле да ги изгубат своите работни места поради автоматизацијата. „Додека 95 милиони ќе добијат нови работни места, многумина ќе мора да се преквалификуваат за да се прилагодат на новите технологии,“ рече Пешева. „Во еден момент, АИ може да постигне такво интелектуално ниво што ќе биде неопходно да се воспостави рамнотежа за да се зачуваат работните места на луѓето.“

Посебно внимание Пешева посвети на потенцијалот на АИ во медицината, каде што технологијата веќе започна да помага во откривање и дијагностицирање на болести. „Вештачката интелигенција ќе биде најзначајна во медицината и здравството,“ додаде таа, укажувајќи дека нејзиниот придонес ќе има директно влијание врз спасување на животи.

Министерот Стефан Андоновски: „Дигиталната трансформација бара квалитетни ИТ кадри“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека МАСИТ е клучен партнер во процесот на дигитална трансформација на државата. „Нашата визија за дигитална иднина е целосно усогласена, а конференцијата доаѓа во критичен момент,“ изјави министерот. Според него, главниот предизвик е недостатокот на ИТ кадри во јавниот сектор, што го намалува капацитетот на државата за успешно спроведување на дигиталните реформи. „Сакаме да ја градиме дигиталната иднина на нашата држава преку конкретни чекори и инвестиции,“ додаде Андоновски, кој ги нагласи и заложбите на Владата за задржување на кадри и поддршка на иновациите.

Министерот најави и серија конкретни мерки за унапредување на дигиталните вештини, информираше за текот на процесот на изработка на двата клучни стратешки документи, односно Националните стратеги за сајбер безбедност и информатичко – комуникациски технологии, како и за сите останати активности во рамките на надлежностите на министерството.

„МАСИТ, како Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии, веќе две децении е витален партнер во развојот на македонската ИКТ индустрија. На македонскиот ИКТ сектор му требаше силен институционален партнер, и денес, преку Министерството за дигитална трансформација, конечно го има“, нагласи Андоновски.

Министерот ја истакна и важноста на вештачката интелигенција, посочувајќи дека темите “Вештачка интелигенција наспроти работната сила – преку адаптација до иновација” и “Практична примена на вештачката интелигенција во медицина, фармација и стоматологија” се од суштинско значење за нашата дигитална иднина, но и иднината на македонската економија и општеството воопшто.

Тој посочи дека Министерството работи на креирање системски решенија за поддршка на компаниите во развојот и имплементацијата на решенија со помош на ВИ. „Иако предизвиците на патот се значителни, нашата решителност е поголема. Преку партнерство со МАСИТ и целиот ИКТ сектор, ја градиме дигиталната иднина на Македонија“, заклучи министерот Андоновски

Тимоти Онг - УСАИД: „Иднината лежи во технологиите што трансформираат индустрии“

Претставникот Усид ја потенцираше важноста на информатичката и комуникациската технологија (ИКТ) за економскиот развој и потенцијалот за спречување на корупцијата, задржување на млади таленти и привлекување на инвестиции. „Со вештачката интелигенција сме на прагот на нова ера,“ истакна тој. „Мора да ги искористиме овие можности за да постигнеме напредок и развој, следејќи ги иновациите кои веќе трансформираат цели индустрии.“

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР