13 Мај, 2024
0.0860

Конкурентни каматни стапки на станбени и потрошувачки кредити + кредитно животно осигурување, без административни трошоци

Објавено во: Мои пари 13 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал воведе промотивни услови за производите од своето кредитно портфолио овозможувајќи им на клиентите да добијат станбен или кеш кредит со кредитно животно осигурување по исклучително конкурентни каматни стапки и услови на користење и без административен трошок за одобрување на кредитот.

Со најновата понуда за станбен кредит со кредитно животно осигурување на Охридска банка Сосиете Женерал, клиентите добиваат фиксна каматна стапка од 4,60% за првите пет години, а притоа се ослободени од административниот трошок за одобрување на кредитот и од трошокот за процена на имотот.

Клиентите кои ќе аплицираат за станбен кредит со кредитно животно осигурување ја добиваат можноста да изберат меѓу: основниот пакет за кредитно животно осигурување, со кој за 0,44% осигурителна премија се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа, и целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со кој за 0,85% годишна осигурителна премија се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа и на болест, како и ризикот од трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќа.

Целосниот пакет, покрај апликантите за станбен кредит, е достапен и за сите други кредитокорисници. Освен конкурентната понуда за станбен кредит, Охридска банка Сосиете Женерал промотивно нуди и Кеш Експрес кредит со кредитно животно осигурување, со фиксна каматна стапка од 5,90% за првата година и без административен трошок за одобрување на кредитот.

Сите клиенти што ќе ги препознаат придобивките на новата промотивна понуда на Охридска банка Сосиете Женерал можат да аплицираат најдоцна до 10 јули 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН